за каша од сурова хељда не ви треба строг рецепт. откако ќе отстои во вода, изблендирајте ја со некоја течност (млеко, јогурт, кефир, растително млеко, сок…), зрна, семки, јаткасти плодови, свежо и/или замрзнато овошје, зачини (ванила, цимет…), нешто за заблажување (мед, суви овошја…). испробајте разни комбинации и видете што најмногу ви се допаѓа, а еве како ние ја јадевме за појадок пред некој ден.
брауни пита ми е во план за правење со месеци. јадевме една купечка на минатиот роденден на мартин и од тогаш ја чекам да дојде на ред. многу е вкусна, реакцијата на сите што ја пробаа уште на првиот залак беше “ммммммм”.
го празнам замрзнувачот од лански работи и правам место за нови овошја и зеленчуци. од тоа произлезе ова колаче со капини, кое би било исто вкусно и со други пролетни или летни овошја, свежи или замрзнати.