Добредојдовте на Ситно сецкано,

Јас сум Бојана, а блогот пред повеќе од 6 години го отворивме јас, сестра ми Маја и мојот партнер Даниел, кој е фотограф и задолжен за визуелната страна на блогот.
Ситно сецкано почна како разговор меѓу мене и Маја. Бидејќи живееме во различни градови, блогот стана начин на размена на рецепти и раскажување за вкусните јадења кои сме ги зготвиле или пробале. Маја поради обврските на работа и дома сé поретко објавува рецепти (иако и понатаму готви за нејзиното семејство), а јас се трудам да раскажам за сите интересни испробани рецепти, експерименти со нови состојки или пак некои стари, приготвени на нов начин, за да Ви ја пренесам идејата дека готвењето дома исполнува, а времето поминато со пријателите и блиските покрај добра храна е најдобро поминато време.

Разгледајте и уживајте!