еве уште еден интересен вкус на сладолед. не толку необичен како сладоледите од анасон и ѓумбир, ама секако вкусен. сладолед со вкус на печени јаболкa.

scroll down for the recipe in English

2 јаболкa, излупени, исчистени и исечени на коцки
1 лажица цимет
2 лажици шеќер

ставете ги јаболкaтa во тавче, посипете ги со шеќер и цимет и испечете ги во загреана рерна на 200°C околу 30 минути, или додека јаболкaтa не омекнат. ставете ги во блендер и испасирајте ги, а може да ги испасирате и рачно, ако немате блендер.
потоа помешајте ги со сладоледoт направен од 1 шлаг, 2 јајца, 3 лажици шеќер и 150 ml ладно млеко. тоа е мојот омилен рецепт за сладолед, погоден за додавање разни други вкусови. ставете го сладоледот во пластична кутија и оставете го во замрзнувач неколку саата пред да го послужите.

another interesting ice cream flavour, not as unusual as the fennel seed ice cream or the fresh ginger ice cream, but equaly delicious. baked apples ice cream.

2 apples, peeled, cored and cubed

1 tablespoon cinnamon
2 tablespoons sugar

put the apples in a baking pan, sprinkle with sugar and cinnamon and bake in a preheated oven at 200°C around 30 minutes, or until the apples soften. mash them in a blender or by hand.
add the apples to the basic ice cream recipe made from 1 cup cream, 2 eggs, 3 tablespoons sugar and
150 ml cold milk. this is my favourite ice cream recipe, easily transformed by adding different flavours. put the ice cream in a plastic box and freeze for a few hours before serving.

Print Friendly
previous post: Меки варени земички / Soft pretzel rolls
next post: Чоколадна Торта без брашно …. Flourless Chocolate Cake

Leave a Reply