Cheese apple lettuce sandwich | Sitnoseckano

и сирење и рукола и суви домати и калинка и мед… само немаше место за сето тоа во насловот. изгледа како нафрлани работи, ама заедно си одговараат многу добро и сендвичот е ептен вкусен.

scroll down for the recipe in english

Cheese apple lettuce sandwich | Sitnoseckano

за 2 сендвича:

4 кришки домашен интегрален леб со трици и зрнца (сусам, ленено, семки од тиква)

мајонез

сирење

2 листа зелена салата

неколку гранчиња рукола

1 лажиче изблендирани солени лимони

маслиново масло

4 – 5 сушени домати

¼ кисело јаболко

семки од тиква

калинка

мед

прелијте ги сувите домати со малку жешка вода и оставете ги да отстојат петнаесетина минути. потоа исцедете ги, а водата можете да ја искористите во некое друго јадење, јас ја ставив во чорба од црвена леќа.

исецкајте ги марулата и руколата крупно. во мал сад помешајте едно лажиче изблендирани солени лимони и малку маслиново масло, и измешајте ги со салатата. ако немате марокански солени лимони, заменете ги со сок од лимон и сол.

намачкајте ги лепчињата со мајонез, наредете ги другите состојки и прелијте ги со малку мед, а потоа уживајте во овој необичен сендвич.

Cheese apple lettuce sandwich | Sitnoseckano

a beautiful sandwich with lettuce and apple, but also hard white cheese, arugula, sun-dried tomatoes, pomegranate and honey… it’s just that there was no room for all this in the title. seems like random stuff, but they go together really well, making a delicious sandwich.

for 2 sandwiches:

4 slices homemade wholewheat bread with wheat bran and seeds (sesame, flax and pumpkin seeds)

mayonnaise

cheese

2 lettuce leaves

a few arugula leaves

1 teaspoon blended moroccan preserved lemons

extra virgin olive oil

4 – 5 sun-dried tomatoes

¼ tart apple

pumpkin seeds

pomegranate

honey

cover the sun-dried tomatoes with hot water and let steep for about 15 minutes. then drain them, and you can use the water in another dish, i put it in a red lentil soup.

chop the lettuce and arugula leaves. mix 1 teaspoon of the blended moroccan preserved lemons with a little olive oil and toss the salad with it. if you don’t have preserved lemons, substitute with lemon juice and salt.

spread mayonnaise on the bread, arrange the other ingredients, drizzle some honey and enjoy this unusual sandwich.

Save

Save

Save

Save

Save

Save

Save

Save

Save

Save

Save

Print Friendly
previous post: Колач со сладок компир / Sweet potato cake
next post: Салата од коренести зеленчуци / Root vegetable salad

Leave a Reply