весела пролетна салата. печеното цвекло е многу, многу вкусно, а ако не сте пробале анасон до сега, не се мислете многу. има интересен, свеж вкус, малку како сладок кромид, малку како… анасон.

scroll down for the recipe in english

измијте неколку цвекла. завиткајте го секое цвекло во алуминиумска фолија со неколку капки маслиново масло и малку сол и бибер. ставете ги да се печат во рерна загреана на 200°C околу 1 саат, или додека не омекнат.
извадете ги од фолијата, оставете ги малку да се оладат за да можете да ги држите и излупете ги. лушпата лесно ќе склизне од нив.

измијте неколку листа зелена салата и исечете ги на ленти. врз нив ставете ги печените цвекла исечени на парчиња и анасонот, исечен крупно. зачинете ја салатата со сол, бибер, маслиново масло и балсамик оцет, промешајте и посипете ја со лупен сончоглед. јас ставам и неколку капки сусамово масло. има јак вкус, ама многу интересен.

happy spring salad. the baked beets are scrumptious, and if you haven’t tried fennel yet, don’t hesitate. it’s fresh and a little like sweet onion and like… fennel.

wash some beets. wrap each beet in tin foil with a few drops of olive oil and a little salt and pepper. bake the beets in a preheated oven at 200°C for an hour, or until they soften.
take the beets out of the foil, leave to cool a bit so you can handle them, then slide them right out of their skins.

wash some lettuce leaves and tear them in a salad bowl. add the beets cut in bite-sized pieces and the sliced fennel. season with salt, pepper, olive oil and balsamic vinegar, toss and sprinkle with peeled sunflower seeds. i often add a few drops of sesame oil. it has strong taste, but i like it.

Print Friendly
previous post: Greyhound
next post: Whole-wheat pizza ….. Пица со интегрално брашно

Trackbacks for this post

  1. Печен зеленчук во тесто / Roasted vegetables in batter | sitnoseckano

Leave a Reply