ако ви се допаѓа вкусот на банана во колачи и малку арома на кафе во благи работи, овие мафини сигурно ќе ви се допаднат.

banana coffee muffins-3

scroll down for the recipe in english

рецептот е од овде. мене ми излегоа 15 мафини, 12 во тавче и 3 малку помали во посебни силиконски модли.

banana coffee muffins

4 средни меки банани

¾ шоља шеќер

⅓ шоља сончогледово масло

¼ шоља јогурт

1 јајце

1 ½ шољи брашно

1 лажица нескафе зрнца

1 ½ лажиче сода бикарбона

1 лажица ликер од кафе

60 g црно чоколадо, исечено на ситни коцки

banana coffee muffins-2

смачкајте ги бананите со вилушка. додајте ги сите други состојки, освен чоколадните парченца и изматете го тестото со миксер. додајте го и чоколадото, измешајте со лажица, па распоредете го тестото во чашките од тавчето за мафини обложени со хартија. наполнете ги до ¾ од висината.

печете ги мафините во рерна загреана на 180°C, околу 20 – 25 минути.

banana coffee muffins-8

if you like banana in muffins and а little coffee aroma in your sweet things, these muffins will surely be a hit.

the recipe is from here. i had 15 muffins with this recipe, 12 in a muffin pan and 3 smaller ones in separate silicon muffin cups.

banana coffee muffins-5

4 medium over-ripe bananas

¾ cup sugar

⅓ cup sunflower oil

¼ cup yogurt

1 egg

1 1/2 cups flour

1 tablespoon instant coffee granules or espresso powder

1 1/2 teaspoons baking soda

1 tablespoon coffee liqueur

60 g dark chocolate chips

mash the bananas in a bowl. add the other ingredients, except the chocolate chips, and mix well. stir the chocolate chips with a spoon, divide the batter among the muffin cups lined with paper liners, filling them ¾ full.

bake in an oven preheated at 180°C, around 20 – 25 minutes.

Print Friendly, PDF & Email
previous post: Свински врат и хармоника компири / Pulled pork and hasselback potatoes
next post: Превртено колаче со кајсии / Upside down apricot cake

2 Comments

  1. Sandra

    искрено не очекував дека ќе бидат волку вкусни! Секоја чест за рецептов :)))

  2. фала сандра. мене кафето во нив најмногу ме привлекува.

Leave a Reply