лесно можете да направите тарт само од тесто и јаболка и несомнено ќе биде многу вкусен, без оглед дали ќе го зачините со цимет, каранфилче или ѓумбир (или сите три) и ќе го засладите со бел или кафеав шеќер или мед. таквиот тарт си е во ред. ама кога под редот јаболка ќе наредите кришки сирење бри, е тогаш ќе добиете нешто друго. јас овој тарт со јаболка и бри би го јадела и за доручек.

tart so brie i jabolka

scroll down for the recipe in english

идејата за овој тарт е од тука.

тесто:

2 шољи брашно (од кои 1 – 2 лажици пченкарно, а останатото сенаменско или мешано интегрално и сенаменско)

1 лажица шеќер

120 g путер, ладен, исечен на коцки

2 – 3 лажици павлака

2 – 3 лажици ладна вода (или колку е потребно)

измешајте ги брашното и шеќерот, па додајте ги коцките путер и мешајте со прсти или со блендер за тесто додека не се направат зрнца. додавајте ја павлаката и една по една лажица ладна вода и мешајте го тестото сé додека не успеете да ги споите зрнцата во топка тесто. ставете го тестото во фрижидер додека го подготвувате филот.

тестото може да се направи и неколку дена однапред и да стои во фрижидер додека не ви притреба, или да се замрзне на подолго време.

развлечете го тестото со сукало, врз малку побрашнета површина и префрлете го во тавче со пречник од 20-25 cm, премачкано со путер. притиснете го на дното и страните од тавчето. или, полесно е, исечете го тестото на кришки со дебелина од околу 1 cm и натапкајте ги и спојте ги на дното и страните од тавчето.

tart so brie i jabolka-10

фил:

250 g сирење bri

едно големо јаболко

1 лажица кафеав шеќер

исечете ги сирењето и јаболкото на кришки. врз тестото прво рамномерно наредете гo сирењето, па врз него јаболкото. посипете го јаболкото со кафеав шеќер и ставете го тартот да се пече во рерна загреана на 200°C, околу 40 минути. оставете го малку да се олади пред да го послужите, ама сепак послужете го топло, додека сирењето е сé уште стопено и малку растечено.

tart so brie i jabolka-9

you can easily make a tart with only shortcrust pastry and apples and it will undoubtedly be delicious, whether you spice it up with cinnamon, cloves or ginger (or all three) or sweeten it with white or brown sugar or honey. that kind of tart is fine as is. but if you arrange slices of brie under the slices of apple, the tart that you will get is something else, another class. i would have an apple and brie tart for breakfast.

the inspiration for this tart is from here.

tart so brie i jabolka-12

crust:

2 cups flour (in which i put 1 – 2 tablespoons corn flour, and the rest is all-purpose flour, or a mixture of whole-wheat and all-purpose)

1 tablespoon sugar

120 g butter, cold, cubed

2 – 3 tablespoons sour cream

2 – 3 tablespoons cold water

whisk the flours and sugar in a bowl. cut in butter, blend until crumbs form. add the sour cream and sprinkle on water, one tablespoon at a time, until you can form the dough into a ball. refrigerate until you prepare the filling.

the crust can be made a couple of days ahead and refrigerated or freezed for a few months.

roll the dough on a floured surface to fit 20-25 cm pan, or, slice off 1 cm thick slivers of the dough, place them in and around the bottom and sides of the pan, pushing them together.

tart so brie i jabolka-20

filling:

250 g brie

1 large apple

1 tablespoon brown sugar

slice the brie and the apple. line the tart crust evenly with slices of brie, then top with the apple slices and sprinkle the brown sugar. bake in an oven preheat at 200°C around 40 minutes. let the tart rest a little before serving, but do serve it still warm, while the cheese is still melted.

tart so brie i jabolka-32

Print Friendly
previous post: Стапчиња со мак / Poppy seed breadsticks
next post: Сенф, хариса и распукани колачи / Homemade mustard, harissa and crinkle cookies

Trackbacks for this post

  1. Мини пити со јаболка / Mini apple pies - Sitno Seckano

Leave a Reply