Sauted pumpkin | Sitno seckano

сум ја спомнувала и порано динстаната тиква, ама бидејќи е најчестиот начин на кој готвам тиква за пита, колачи или било кој рецепт во кој се користи пире од тиква, мислам дека заслужува свое посебно место. особено што вака зготвена ми е многу повкусна отколку испечена, прелиена со малку сируп кој се создава на дното од тенџерето.

Candied pumpkin | Sitno seckano

измијте ја тиквата, исечете ја на крупни парчиња и исчистете ја од семки. ставете ги парчињата во големо тенџере, во еден слој, најдобро свртени со лушпата надолу, посипете ги со малку шеќер, а на дното од тенџерето ставете малку вода, само колку да го покрие дното. потоа поклопете го тенџерето со капак и ставете ја тиквата да се динста, прво на појако, додека водата не зоврие, а потоа намалете ја температурата и гответе ја тиквата 15 – 20 минути, или додека не омекне. на помали и потенки парчиња може да им треба и помалку време. проверете ја одвреме навреме водата, ако испарила, додајте малку.

Candied pumpkin | Sitno seckano

количината шеќер зависи од тоа колку благо сакате. мајка ми порано ја правеше со по една лажица шеќер на секое парче и така излегува многу вкусна, некако кандирана, и се добива убав густ сируп со вкус на тиква. ама јас некогаш не ставам воопшто шеќер, ако ја користам целата во некој рецепт, а ако ја јадеме само динстана, ставам малку, обично една лажица распоредена врз сите парчиња.

Candied pumpkin | Sitno seckano

i have mentioned sauted pumpkin in recipes before, but since it’s the main way i make pumpkin puree for pie, cakes or other recipes, i think it deserves it’s own post. and i find it tastier cooked this way, than roasted, served with the syrup created at the bottom of the pot.

Candied pumpkin | Sitno seckano

wash the pumpkin or squash, cut in large pieces and deseed. arrange the pieces in a pot, in one layer, with the skin side down. sprinkle with a little sugar and pour a little water, just to cover the bottom of the pot. cover the pot and put on high heat until the water boils, then lower the heat and cook 15 – 20 minutes, or until the pumpkin is softened. smaller and thinner pieces will be cooked in less time. check the water occasionally, if it has evaporated completely, add some.

the amount of sugar depends on your taste. my mother used to make this candied pumpkin with one tablespoon sugar on every piece. that way the pumpkin is really candied nicely, and the syrup at the bottom is thick, sweet and infused with pumpkin taste. but i make it with one tablespoon of sugar sprinkled over all the pieces, and if i intend to use it for pumpkin puree for recipes, i don’t put sugar at all.

Save

Save

Save

Save

Save

Save

Save

Save

Save

Save

Print Friendly
previous post: Свинско печено во глинено тавче / Pork roasted in a clay pot
next post: Ќофтиња од модри патлиџани / Eggplant “meat”balls

Leave a Reply