Carrot walnut raisin bread | Sitno seckano

машината за леб ја купивме пред точно една година. прво се противев, мислев ќе зафаќа место, а нема да ја користиме. мислев дека можат да се прават само два – три различни рецепти за леб и тоа ми изгледаше досадно. слушав дека мора строго да се придржуваш до рецептите кои доаѓаат со неа, ама прилично брзо почнав да не се придржувам до нив. менувам разни брашна, додавам разни семиња и зрна. сол помалку, шеќер воопшто не ставам, а ни млеко во прав. некогаш додавам некој зачин, лут буковец или суво нане, оригано. наместо вода, ставам кефир, или течноста што останува кога ќе се процеди кефирот. или сварена пченица, пире од цвекло…

овој пат ставив сок од моркови, ореви и суво грозје. одличен е со путер и домашен џем од јагоди.

Carrot walnut raisin bread | Sitno seckano

270 ml свежо исцеден сок од моркови

1 ½ лажиче квасец

455 g интегрално брашно (или половина од тоа интегрално, половина бело)

1 лажиче сол

½ шоља ореви, крупно исецкани

½ шоља суво грозје

јас го правев лебот во машина за леб, значи само ги ставив првите четири состојки во машината и ја оставив неа да го меси и да го испече. оревите и сувото грозје ги додадов кога беше време за додатоци. кога вака ќе смените нешто во некој рецепт од машината, важно е првите десетина минути од месењето да ѕиркате како оди. ако е суво, додајте малку течност. ако е многу влажно, додајте малку брашно или јас некогаш додавам овесни снегулки или пченични трици. внимавајте како оди месењето сé додека тестото не изгледа добро.

а мислам дека лебов може да се направи и без машина. месете го тестото долго, додека не стане мазно, потоа додајте ги оревите и сувото грозје и оставете го тестото, покриено со пластична фолија, додека не нарасне дупло. обликувајте го и печете го лебот во рерна загреана на 225°C, околу 20 – 25 минути.

Carrot walnut raisin bread | Sitno seckano

we bought a bread machine exactly one year ago. at first i was against it, i thought it would be just another appliance sitting on the kitchen counter. i thought there would be only two or three recipes for bread and that seemed boring. i heard that you should strictly follow the recipes that come with it, but very soon after we brought it home, i started to change them. i use many different flours, add a lot of seeds. less salt, no sugar, no milk powder. sometimes i experiment with a spice, hot pepper flakes or dried mint. instead of water i put homemade kefir or the whey left from draining kefir. or cooked wheat berries, beetroot puree… this time i used carrot juice and added walnuts and raisins. this bread is great layered with butter and homemade strawberry jam.

270 ml freshly pressed carrot juice

1 ½ teaspoon dried yeast

455 g whole-wheat flour (or half whole-wheat, half white)

1 teaspoon salt

½ cup walnuts, roughly choped

½ cup raisins

i made this bread in a bread machine, so i just put the first four ingredients and let the machine do the kneading, proofing and baking. i put the walnuts and raisins at the time for add-ins. when you change the recipes from the bread machine it’s important to peak inside the first ten minutes or so, to check how the dough is coming together. if it is too dry, add more liquid, a little at a time. if it is too wet, add flour or i sometimes add oat flakes or wheat bran. keep an eye on the kneading until the dough looks good.

i think this bread can be made without a bread machine, too. knead the dough long, until it is soft and sooth, then add the walnuts and raisins and leave to rise, covered with plastic wrap, until doubled. shape and bake in an oven preheated at 225°C, around 20 – 25 minutes.

Save

Save

Save

Save

Print Friendly
previous post: Шпагети со печени модри патлиџани / Roasted eggplant pasta
next post: Брзо тесто за пица / Quick pizza dough

Leave a Reply