All posts in “месено / breads”

Пица / Pizza

имаме рецепти за пици, не е дека не сме ја покриле таа тема до сега. само, работата е што ние дома прилично често јадеме пица и јас си зададов задача да го усовршам правењето на тестото. последниве неколку месеци сум прилично задоволна од тоа каков вкус и изглед има тестото. и целото правење не одзема многу време, нешто што ми е важно бидејќи не сакам да го поминам цел ден во кујна, иако уживам во готвењето. само треба малку планирање и правење на тестото некој ден однапред. мене баш тоа ми се чини дека ми ја олеснува работата, еден ден го правам тестото, а следните денови имам спремно тесто за пица, стапчиња со лукче и пармезан или стромболи.

Continue Reading…

Scallion Pie

Пита со младо кромитче / Scallion pie

ммм, младо кромитче. толку вкусно, толку потсетува на пролет, и толку лесно применливо во разни рецепти. едно од моите омилени јадења е кајгана со младо кромитче, а многу е вкусно и во рестован компир, особено зелените делови.

Continue Reading…

Стапчиња со мак / Poppy seed breadsticks

како предјадење, за ужинка, за грицкање, кога ќе ви дојдат гости или само онака, без посебна причина, стапчињава се супер. измешајте во тестото афион, или посипете ги со сусам, ким или сол, или со солен прелив што се тегне како гума, каков што ставаат во пекарите на переци. одлични се без ништо, ама и со нешто како хумус, сос од грав или песто од магдонос.

Continue Reading…

Пица со праз / Leeks pizza

се залетав и купив голем врзоп праз, со повеќе од дваесет праза. добро што дома сакаме да го јадеме, а и многу е здрав, па веќе јадевме салати со свеж, ситно исецкан праз и маслинки, испржен со ориз, со шпагети и маскарпоне и во некоја форма на пита/галета/тарт. денешниот рецепт е една од тие варијанти, направена со тесто за пица.

Continue Reading…

Пченкарно лепче со жалфија / Sage cornbread

лепче створено за љубетелите на пченкарните погачи, со изразен вкус од пченкарното брашно и палентата и зачинето со свежи ливчиња жалфија. парченцата колбас внатре се само уште еден плус на вкусот.

Continue Reading…

Ќофтиња од грав и домашни земички / Bean burgers with homemade buns

има денови кога е тешко сите тројца дома да се погодиме во исто време за ручек или вечера. затоа, во таквите денови, ми се допаѓаат овие ќофтиња со домашни земички, секој може да си направи сендвич кога му се јаде, и да си стави додатоци по желба.

Continue Reading…

Пилешко во сос и банана-наан / Chicken in sauce and banana-naan

идејата за ова јадење дојде по забелешката на мартин дека постојано готвам некои експерименти. ова е лесно јадење со едноставни состојки, кое брзо се готви и многу е вкусно. го јадевме со наан лепчиња направени со банана, затоа што имавме презреани банани кои чекаа да бидат употребени. вкусот на банана не се чувствува, ама наанот е мек и вкусен.

Continue Reading…

Новогодишни подароци / Homemade holiday gifts

како и секоја година, и оваа ви предлагаме неколку вкусни подароци кои би можеле да ги подготвите сами дома за своите блиски и пријатели, а и идеи за нивно уживање.

Continue Reading…

Кифлички со кокос / Coconut buns

меки благи кифлички со необичен фил од кокос. во оригиналниот рецепт се користи свеж кокос. јас употребив кокосово брашно, ама сигурна сум дека со свеж би биле многу повкусни. мартин би сакал да беа со чоколадо, па следниот пат ќе пробам да ги направам со чоколадо, џем или можеби пире од тиква и цимет.

Continue Reading…

Лепчиња со суво грозје и чоколадо / Raisin chocolate scones

сé уште не знам како се викаат на македонски. кога ги направив со лаванда ги нареков колачи, беа поблаги. сега ќе ги наречам лепчиња. иако имаат парченца чоколадо, не се многу благи и супер се за доручек.

Continue Reading…