All posts in “месено / breads”

Чворчиња со лукче / Garlic knots

лукче и магдонос – најдобри другари, така вели џејми оливер во неговите емисии, а син ми се смее на тоа. ама лукче и магдонос навистина е одлична комбинација, уште и премачкани на чворчиња од тесто… нема да можете да каснете само едно или две.

Continue Reading…

Наполнето лепче / Stuffed bread

ако сé уште имате варени јајца од велигден, еве идеја како да ги искористите на вкусен начин. секако, лепчето може да се наполни и со друг фил, како сте расположени.

Continue Reading…

Пинерлии / Cheese rolls

за мене зборот пинерлија (или пењрлија) значи благо, колаче направено од гриз и младо несолено сирење, какво што правеше баба ми. за даниел пинерлија е солено, лепче полнето со сирење, како што јадел во детството. ова овде се солените пинерлии по рецепт на лана од la cuisine creative. многу се вкусни и меки и одлични за доручек со јогурт или кисело млеко. а некој ден ќе пробам да го направам и колачето.

Continue Reading…

Лепче со џем од суви домати / Bread with sun-dried tomato jam

веќе некое време ми се јадат вакви работи. некое интересно тесто, месено или не, со интересен фил. ова лепче беше многу многу вкусно. меко како душа. сите што го пробаа го бендисаа.

Continue Reading…

Пита со домати и песто од спанаќ / Tomato and spinach pesto pie

одлична пита. за комбинацијата од домати и песто не морам ни да спомнувам колку е добра, како створени се еден за друг. пестото го направив со спанаќ наместо босилок и бадеми наместо пињоли. и многу лукче. тестото е феноменално. многу ми беше вкусно, таман толку меко и толку крцкаво колку што сакам. ќе пробам да го искористам и за други пити, со друг солен или благ фил.

Continue Reading…

Пита од просо со спанаќ

денеска немам ништо зготвено за вас. а сепак имам еден интересен рецепт.
денеска сакам да ви ја претставам оља и нејзиниот блог … ja u kuhinji… кој многу често го посетувам и наоѓам инспирација за готвење. блогот е преполн со интересни и вкусни рецепти, а од сликите и видеата нема шанси да не ви се пријаде.
многу ни е драго дека оља прифати да гостува на нашиот сајт со оваа пита која и ние едвај чекаме да ја пробаме, а за да ја задржиме автентичноста рецептот го пренесуваме во оригинал.

Ручек за Теа / Lunch for Tea

пред некое време на гости ни беше екипата од списанието “теа модерна” и еве што зготвивме за нив. рецептите минатата недела можевте да ги прочитате во списанието, а еве ги сега и тука.

a few weeks ago we had guests from the magazine “tea moderna” and here is what we cooked for them.

Continue Reading…

Whole-wheat pizza ….. Пица со интегрално брашно

Кога живеевме во стан со многу слаба рерна, најмногу сакавме добра рерна за да печеме домашна пица. И сега во новиот стан, конечно можеме да печеме пица и домашна пица правиме барем еднаш неделно. Со цел да јадеме поздраво, експериментирав со интегрално брашно и дојдов до овој рецепт за пица тесто кој е ем здрав, ем вкусен. Ако прв пат правите пица со интегрално брашно, направете го рецептов со пола обично, пола интегрално, за да видите дали вкусот ќе ви се допадне.

Continue Reading…

Пилешка пита во грне / Chicken pot pie

ова јадење се вика пита во грне, иако воопшто не личи на пита. овде филот е направен од парчиња убаво сварено пилешко месо, печурки, сланинка и разни зеленчуци во вкусен густ сос, а тестото е како капак на сето тоа. сепак, мора да се согласите дека воопшто не е важно дали е тестото под или над филот, важно е дека ова јадење е многу вкусно.

Continue Reading…

Меки варени земички / Soft pretzel rolls

овие лепчиња имаат многу интересен вкус. однадвор имаат убава коричка со вкус на квики переци, а внатре се меки и воздушести.

Continue Reading…

Мини гибаници / Mini gibanicas

пред некое време ги видов овие слатки мали гибанички на блогот на кате, diethood, и си реков морам да ги направам. ја памтите чоколадната пита на кате? со кора од мелени бадеми? и неа морам да ја направам некој ден.

Continue Reading…