All posts in “салати / salads”

Панзанела / Panzanella

знаете дека многу сакаме да јадеме шопска, и ја јадеме скоро секој втор ден. е, ама оваа салата панзанела се заканува да и го заземе местото. барем мене многу ми се допаѓа, со преливот од оцет балсамик и лепчето кое ја упива течноста од патлиџаните.

Continue Reading…

Салата од јачмен, тиква и авокадо / Pumpkin avocado barley salad

дома ретко јадеме вакви салати, со некоја житарка, иако се вкусни и е многу здраво да се јадат житарките цели и необработени. оваа шарена салата не може да не биде вкусна и здрава со сите интересни состојки во неа. и многу е згодна за прилагодување, употребете тоа што имате. наместо јачмен – просо, булгур, кус-кус…, наместо тиква – цвекло или моркови, наместо ф’стаци – бадеми, лешници, ореви, семки од тиква или сончоглед… тука добро би дошле и брокула или зелена салата.

Continue Reading…

Кисела зелка / Sauerkraut

некако, цело буре полно со зелки ми изгледаше застрашувачки. ниту имаме место за него, ниту можеме да изедеме толкава количина кисела зелка. затоа рецептов за сауеркраут од bonzai aphrodite супер ми дојде. киселата зелка е многу здрава. направив и кимчи, корејска туршија од зелка и моркови, ама за него во друга прилика.

Continue Reading…

Печени ендивии и салата од келераба / Baked endives and kohlrabi salad

престојот во холандија кај маја и џипу секогаш е поврзан со јадење интересни јадења и пробување нови состојки. овој пат тоа се ендивија и келераба, и двете многу вкусни и многу здрави.

Continue Reading…

Салата од тиквици / Zucchini salad

да продолжиме со печените зеленчуци. оваа салата мајка ми често ја прави со пржени тиквици и кисело млеко и јас порано не ја сакав, повеќе ги сакав тиквиците со лукче, магдонос и оцет, ама изгледа со тек на време вкусот на човек му се менува. сега оваа салата ми е поубава.

Continue Reading…

Салата од тучница / Purslane salad

ова растение purslane (portulaca oleracea), кое не знам како се вика на македонски, секое лето се појавува во моите саксии и расте како лудо. порано го корнев. еднаш го оставив да видам дали ќе има убави цветчиња, ама некако слабо цвета и продолжив да го корнам. сé додека не почнав да наидувам на текстови на интернет каде што пишува дека ова растение е многу здраво за јадење. наидов и на рецепти. и решив да го оставам да порасне и да го пробам. рецептот за оваа салатичка е од овде. многу е вкусна. растението е малку како зелена салата, малку како блитва, малку киселко.

Continue Reading…

Салата со печено цвекло и анасон / Baked beetroot and fennel salad

весела пролетна салата. печеното цвекло е многу, многу вкусно, а ако не сте пробале анасон до сега, не се мислете многу. има интересен, свеж вкус, малку како сладок кромид, малку како… анасон.

Continue Reading…

Велигденска салата / Easter salad

во моето семејство не може да помине велигден без оваа салата. овие количини се отприлика доволни за двајца, а вие прилагодете ги според вашиот вкус.

Continue Reading…

Салата од грав и спанаќ / Spinach bean salad

многу сакам салата од грав. онаква обична, сварен грав, исецкан кромид, сол, бибер, оцет, масло. ама зошто на тоа да не се додаде уште нешто? некогаш свежа рукола, а некогаш спанаќ, некогаш лукче наместо кромидот. салатава е толку вкусна, што долго ќе ви остане во сеќавање.

Continue Reading…

grape bulgur salad

Булгур салата со грозје и сирење … Bulgur salad with grapes and goat cheese

Кога прв пат ја прочитав идејата за салатава на некој блог, веднаш знаев дека ќе биде одлична. Салатава е мешавина од булгур, грозје и овчо сирење и поедноставна не може да биде. Не само што е лесна за правење и евтина, туку трае со денови. Имав доволно салата за 4 дена ручек на работа. Ако немате грозје или овчо сирење, може да додадете што сакате: бело сирење, исецкано јаболко, маслинки, биено сирење, магдонос. Магдонос би бил одличен додаток.

Continue Reading…

Хумус и кус-кус со марокански лимони / Hummus and cous-cous with moroccan preserved lemons

знам, си викате “пак ли хумус?”. ама овој е сосема различен и многу многу вкусен. мароканскиот лимон му додава многу интересна арома.

Continue Reading…