All posts in “со месо / meat”

Полнети модри патлиџани / Stuffed eggplant / Karnıyarık

уште еден турски рецепт, само за разлика од салатата со сумак и сируп од калинка, ова јадење не сум го пробала во турција. ама затоа го зготвив покрај неколку турски мезиња кога ги поканивме на турски ручек пријателите со кои заедно го шетавме истанбул пред некоја година.

Continue Reading…

Пилешко во сос и банана-наан / Chicken in sauce and banana-naan

идејата за ова јадење дојде по забелешката на мартин дека постојано готвам некои експерименти. ова е лесно јадење со едноставни состојки, кое брзо се готви и многу е вкусно. го јадевме со наан лепчиња направени со банана, затоа што имавме презреани банани кои чекаа да бидат употребени. вкусот на банана не се чувствува, ама наанот е мек и вкусен.

Continue Reading…

Гулаш со кнедли / Goulash with dumplings

не знам дали овој гулаш е автентичен унгарски или не, во секој случај е многу вкусен и е одлична манџа за ова време од годината. ставете лути чили пиперчиња по свој вкус. списокот на состојки е подолг, ама воопшто не е тешко да се направи, и ако немате некој зачин, изоставете го. и кнедлите се убав додаток. обично сме навикнати на кнедли во супа, а овие се малку поразлични, дека се готват на пареа. Continue Reading…

Свинско маринирано во мед и тајландски сосови / Pork marinated in honey and fish and oyster sauce

сосот од риба и сосот од остриги се неизбежни додатоци во тајландската кујна. јас овие два соса ги донесов од холандија, ризикувајќи усмрдување на целиот багаж, бидејќи, да не се лажеме, и двата имаат јак мирис на риба. мирисот со готвењето се губи, ама проблем е ако ви се скрши цело шише сос од риба во куфер.

веќе ги гледам овие сосови и по нашите продавници, па ако ги најдете пробајте го овој рецепт, месото е многу вкусно, многу брзо се подготвува, а може да се послужи како мезе за со пиво или како главно јадење со ориз, компири или друг додаток. само треба да се остави време за маринирање. ние го јадевме со зелка динстана во вино розе.

Continue Reading…

Пилешко виндалу и наан лепчиња / Chicken vindaloo with naan

времево можеби е претопло за готвење и јадење вака луто и зачинето јадење, ама кога ќе ми се пријаде нешто индиско, тешко дека било што ќе ме расколеба, па ни топлото време.

Continue Reading…

Свински врат и хармоника компири / Pulled pork and hasselback potatoes

долго динстано свинско на тивко е една од најдобрите работи кои ги прави мајка ми. јас со ова парче свински врат решив да направам нешто друго, инспирирана од многуте рецепти за свинско по интернет. во мешавината зачини има и кафе и шеќер, ама на крајот нема да приметите дека ги има, туку со нив месото добива убава зачинета коричка и е толку меко што се распаѓа само со вилушка. а компирите вака испечени ни се обавезен и омилен начин на готвење кога се млади, ама покрупни, не ситни.

Continue Reading…

Јанија / Beef stew

јанија е едно од моите омилени јадења. долго се готви, ама нема многу работа. може и сите зеленчуци да ги ставите на почетокот одеднаш, ама јас не сакам да ги преварам морковите па ги додавам во манџата при крај. овој пат додадов и сладок компир, кој убаво се вклопи.

Кременадли, наут, праз и марокански лимони / Pork chops, chickpeas, leeks and moroccan lemons

прекрасен неделен ручек. солените марокански лимони повторно си го направија своето. ако не сте ги направиле до сега, сега е моментот. се разбира, ако немате солени марокански лимони, можете да употребите рендана кора и сок од свеж лимон и да додадете сол.

Continue Reading…

Пилешко кари / Chicken curry

рецептот за ова кари е од џејми оливер. тој користи кокосово млеко, кое јас го заменив со кефир. ми се допаѓаат индиските кари манџи зготвени во јогурт, и пилешкото месо стоено во јогурт станува меко и сочно, ама во последно време правам дома кефир и секогаш го имам, па овој пат употребив кефир. слободно можете да го направите ова кари со јогурт, кисело млеко или кокосово млеко.

Continue Reading…

Пилешка супа / Chicken soup

ова е нашата омилена супа. многу често ја правам, во големо тенџере и ни трае по неколку дена.

количините се отприлика, без мерење, а од состојките, пилешкото, морковите и компирите се обавезни, а друго, зависи од сезонската понуда на зеленчуци и моменталното расположение. пашканат, целер, брокули, карфиол, тиквица, грашок, многу ретко фиде, понекогаш една шака ориз или јачмен или пченица, магдонос или спанаќ или ливчиња целер… дури и листови од брокула или од карфиол. некогаш додавам изматено јајце, некогаш кнедли… јас ја јадам со многу бибер.

Continue Reading…

Зелка манџа / Cabbage stew

ова е една од моите омилени манџи. долго се готви, ама нема многу работа во подготвувањето.

Continue Reading…

Мароканско пилешко со маслинки и солени лимони / Morrocan chicken with olives and preserved lemons

пред нова година направивме марокански лимони со сол, една од тајните состојки на мароканските јадења. отстојаа три недели и дојде време да ги пробаме. прво јадење во кое ги пробавме лимоните е ова мароканско пилешко според рецепт од книгичката step-by-step moroccan cooking и јас сум воодушевена од вкусот кој го додаваат лимоните во оваа мирисна и вкусна манџа. ја имам правено и без лимони, ама со лимониве е нешто друго.

Continue Reading…