многу праз на едно место, ама јас сакам праз и никогаш не ми е многу. a oсобено сакам вакви едноставни рецепти со малку состојки во кои нивниот вкус доаѓа до израз.
полнети пиперки сигурно сите сте јаделе. мене повеќе ми се допаѓаат ваквите долги зелени, отколку бабурите. и обавезно сакам да има и по некој полнет патлиџан.
Се смрзнавме во Холандија летово. Како што напишав на Facebook пред неколку дена, летово температурата беше 16 – 18 степени, а сега сме во септември и е уште поладно, плус со неколку бури и страшен ветер додадено. Можеби кај вас е сеуште топло, ама супава е премногу вкусна да чекам да залади во Македонија да ви ја кажам.
ова сосче од патлиџани ми е омилено јадење во лето. доволно ми е и само тоа, со убаво меко лепче, ама овој пат направив и ражњичи, за месојадците кај мене дома.