All posts in “пити / pies”

Pumpkin tart | Sitno seckano

Тарт со тиква / Pumpkin tart

сакав да ја искористам уште малку сезоната на тикви, па го направив овој брз тарт, во кој тиквата е тенко исечена за лесно да се испече, и само малку зачинета и со малку шеќер, за да се осети нејзиниот карактеристичен вкус.

Continue Reading…

Mini apple pies | Sitno seckano

Мини пити со јаболка / Mini apple pies

питите со овошје ми се едни од омилените десерти. тестото многу брзо и лесно се прави, филот се прилагодува според овошјето кое е во моментот зрело и го има најмногу по пазарите, а може да се употреби и замрзнато овошје. и формата е прилагодлива, може да биде висока пита, преполна со јаболка или капини, прекриена со слој тесто, плитка пита со крцкав крамбл врз овошјето или тарт или галета со јагоди, праски или смокви во еден слој.

Continue Reading…

Brownie walnut pie | Sitno seckano

Брауни пита / Brownie pie

брауни пита ми е во план за правење со месеци. јадевме една купечка на минатиот роденден на мартин и од тогаш ја чекам да дојде на ред. многу е вкусна, реакцијата на сите што ја пробаа уште на првиот залак беше “ммммммм”.

Continue Reading…

Crisp apple tart / Sitno seckano

Крцкава пита со јаболка / Crispy filo apple pie

наидов на интересен рецепт за пита со готови кори, начинот на правење полесен не може да биде, а бидејќи веќе имав полупотрошено пакување кори со хеља во фрижидер, решив веднаш да ја пробам. во мојава верзија има јаболка и помеѓу корите, а мислам дека може да се направи и во солена варијанта.

Continue Reading…

Scallion Pie

Пита со младо кромитче / Scallion pie

ммм, младо кромитче. толку вкусно, толку потсетува на пролет, и толку лесно применливо во разни рецепти. едно од моите омилени јадења е кајгана со младо кромитче, а многу е вкусно и во рестован компир, особено зелените делови.

Continue Reading…

Тартови со маскарпоне и јагоди / Mascarpone strawberry tarts

нa нашето неодамнешно гостување на саемот за современи уметности “паратисима” во МКЦ, донесовме неколку јадења и, според одѕивот од посетителите, сите беа вкусни и ништо не остана неизедено. сепак, мислам дека десертот беше ѕвезда на вечерта, па еве го рецептот.

Continue Reading…

Тарт со бри и јаболко / Brie apple tart

лесно можете да направите тарт само од тесто и јаболка и несомнено ќе биде многу вкусен, без оглед дали ќе го зачините со цимет, каранфилче или ѓумбир (или сите три) и ќе го засладите со бел или кафеав шеќер или мед. таквиот тарт си е во ред. ама кога под редот јаболка ќе наредите кришки сирење бри, е тогаш ќе добиете нешто друго. јас овој тарт со јаболка и бри би го јадела и за доручек.

Continue Reading…

Штрудла со вишни / Sour cherry strudel

кога од било кои причини ќе направам пауза од две – три недели во пишувањето рецепти, ми станува многу тешко да изберам кој рецепт да го објавам следен. некако ми се чини дека после подолга пауза рецептот што ќе биде објавен треба да биде нешто посебно, особено вкусен и интересен. и така, времето поминува, а јас за сé што сум зготвила, а даниел сликал, мислам дека е премногу обично за да биде објавено, или премногу комплицирано или недоволно интересно. е па овој рецепт ги исполнува условите да ја прекине долгата пауза. лесно се прави, прилагодлив е и многу е вкусен.

Continue Reading…

Пита од тиква / Pumpkin pie

рецептот за пита со тиква го објавивме уште во 2009та година. оттогаш, со секое ново правење, менував по нешто. во тестото редовно ставам по малку пченкарно брашно, го правам со путер, наместо маргарин, ставам прилично повеќе тиква и ја печам во малку поголемо тавче, па филот не е премногу висок и порамномерно може да се испече.

Continue Reading…

Пити со печурки и тиква / Pumpkin and mushrooms tarts

кога ќе купите на пазар тиква од 6 kg, од неа можете неколку пати да направите пита, колач, мафинисупасалата или смути. можете и да замрзнете дел од пирето од тиква за правење колачи кога тиквите ќе ги нема на пазар, а можете да пробате и нешто ново, како овие солени пити со тиква и печурки. ние дома повеќе сакаме пити од тиква во блага варијанта, ама и овие солениве не беа воопшто лоши. тестото лесно се развлекува тенко, а кога ќе се испече е крцкаво од афионот, а филот е повеќе или помалку слатко-солен, во зависност од тоа колку е блага тиквата.

Continue Reading…

Чоколаден тарт со таан / Chocolate tahini tart

ќе си помислите “ах, уште еден чоколаден тарт”, по оној со тесто од бадеми и оној со сируп од калинка, ама не, не сме завршиле со чоколадните тартови. овој е со таан и можам да ви потврдам дека чоколадо и таан е одлична комбинација. тестото е малку поразлично, има и јајце, а количината е доволна за два тарта, па половина може да замрзнете за другпат, бидејќи со наведените состојки за филот се добива доволно фил за еден тарт.

Continue Reading…

Чоколаден тарт со калинка / Chocolate pomegranate tart

ако до сега не решивте каква торта да направите за нова година, еве една чоколадна пита која во комбинација со калинките добива свеж вкус и свечен изглед.

Continue Reading…