All posts in “торти / cakes”

chocolate pumpkin bundt cake | sitno seckano

Мирислив чоколаден куглоф со тиква / Spicy chocolate pumpkin bundt cake

нашето новогодишно колаче. иако јас го направив со кинеска мешавина од пет зачини (анис, анасон, црн бибер, цимет и ѓумбир), можете да ставите и некои други кои одат добро со тиква: каранфилче, пимент, мускатно оревче, кардамом, ванила…

Continue Reading…

Лондонски штангли / Damen kapric / Sitno seckano

Лондонски штангли / Damen kapric

во тефтерот со рецепти на баба ми ова колаче е запишано под лондонски штангли, ама не сум сигурна дека тоа е неговото вистинско име. мислам дека се вика дамен каприц. во секој случај е вкусно, многу лесно се прави и се надевам ќе ви врати сеќавања на некоја ваша баба или тетка.

Continue Reading…

Strawberry jam and creme crepe cake / Sitno seckano

Торта од палачинки / Crepe cake

ние јадеме многу палачинки. кога ги правам, правам планина од палачинки и ги јадеме и со солени и со благи работи: рендано сирење, кашкавал, павлака, крем сир, џемови, мед, еурокрем, по некоја празна, па пак со солено. и никогаш не остануваат доволно за торта. затоа овој пат направив многу повеќе и дваесетина тргнав на страна. а тортата е едноставна, филувана со домашен џем од јагоди и шлаг, за да се ослободат теглите за нови есенски џемови.

Continue Reading…

Mascarpone cake with strawberries

Колач со маскарпоне / Mascarpone cake

од испробување некои рецепти, ми остана голема количина маскарпоне измешано со слатка павлака. очекував слатката павлака да се измати во густ шлаг, тоа не се случи, па мешавината беше премногу течна за планираниот рецепт. но, затоа одлична за овој колач, кој се прави брзо, се мати во еден сад и има неверојатен, млечно-путерест вкус.

Continue Reading…

Колач со пулпа од сок / Juice pulp bread

се надевам не сум досадна повторно со рецепт во кој се искористува пулпата останата од правење сок во соковник. ако често правите сокови, сигурно ќе ви се најде еден ваков рецепт. ако не правите, можеби е време да почнете :-). а секако можете да ги замените двете шољи пулпа со рендани јаболка и тиквици, како во оригиналниот рецепт.

Continue Reading…

Торта со јагоди / Strawberry cake

пред некој месец ситно сецкано наполни 5 години. не дека заборавивме да го одбележиме тоа, ама некако секојдневните обврски се испречија и деновите поминуваа, а и јас ја барав совршената торта. сé додека не го најдов рецептот за оваа, лесна и свежа, со многу јагоди и шлаг.

Continue Reading…

Колаче со џем од сливи / Plum jam cake

вкусно колаче кое многу лесно и брзо се прави, а убаво изгледа. доволна ви е само една вангла за матење, не ви треба миксер и со секое правење можете да му го менувате вкусот со менување на џемот.

Колаче со јаболка и дуњи / Apple quince cake

оригиналниот рецепт за ова колаче е со јаболка и боровинки. не сум го пробала така, мене ми дојде идеја дека ќе биде вкусно со јаболка и дуњи затоа што сакам дуњи и секогаш сум во потрага по интересни колачи со нив.

Continue Reading…

Чоколадно колаче со тиквици / Chocolate zucchini cake

после питата со тиквици воопшто не ми е чудно кога ќе видам тиквици во благ рецепт. ова чоколадно колаче со тиквици е феноменално, ептен чоколадно, а сочно од тиквиците.

Continue Reading…

Колаче со круши и коњак / Pear brandy cake

ликер, рум, пиво… сé сме пробале во колачи, ама овој пат колачето е со коњак. неверојатно сочно, дури и поубаво е вториот и третиот ден. го направив еднаш со сливи и еднаш со круши, првиот пат со помалку коњак, вториот со повеќе и дефинитивно препорачувам да ставите повеќе. кога го правев ова со круши, немав рузмарин, ама ако имате при рака, секако ставете, колачето е поинтересно со него.

Continue Reading…

Превртено колаче со кајсии / Upside down apricot cake

не е дека немаме до сега правено превртени колачи. баш ова со сливи ни е едно од омилените дома, или истото во зима со јаболка, или ова со цреши и меко како душа тесто од пченкарно брашно. ама ова со кајсии е различно. прво, со кајсии е, иако многу е вкусно и со сливи или со комбинација од сливи и кајсии. второ, во тестото има многу ѓумбир и многу павлака.

Continue Reading…

Чоколадно-портокалова торта / Chocolate-orange cake

оваа торта не е обична чоколадна торта. во неа нема ни млеко, ни јајца, ни масло, ни шеќер, а нема ни глутен бидејќи е направена со брашно од наут и овес. многу е вкусна и слатка и супер оди со резанчиња портокал.

Continue Reading…