Clay pot roasted chicken and vegetables | Sitno seckano

Ако имате ваков неглазиран глинен сад за печење, не чекајте како мене со години, да го употребите. кокошката испечена во него е толку сочна и мека, а зеленчуците убаво испечени. ние го јадевме ова со песто од ливчиња од морков со павлака.

scroll down for the recipe in english

Clay pot roasted chicken and vegetables | Sitno seckano

пола голем кромид
2-3 млади компира
1 виолетов сладок компир
2-3 млади моркови
2 лукчиња
⅓ лута пиперка
свежи тревки (магдонос, нане, копар…)
сол, бибер
цела кокошка од 1150 g

Clay pot roasted chicken and vegetables | Sitno seckano

ваквите неглазирани глинени садови и капаци прво треба да отстојат во вода половина час. потоа на дното ставете ги зеленчуците и тревките, посолете ги, па врз нив ставете ја кокошката и посипете ја со сол и бибер.

затворете го садот со капакот и ставете го во ладна рерна да се пече. никако во загреана, бидејќи садот може да пукне.

вклучете ја рерната на 200°C, и оставете ја кокошката да се пече околу 1 час и 15 минути. потоа тргнете го капакот и вратете ја да се пече уште петнаесетина минути без капак.

внимавајте кога го вадите жешкиот глинен сад од рерната. не го ставајте врз шпоретот, ниту врз нешто ладно. најдобро е да го ставите врз некој мек подметач.

глинениот сад не го мијте со средства за садови, бидејќи е порозен, ќе ги впие. туку само со топла вода, откако целосно ќе се олади и употребете четка ако треба.

Clay pot roasted chicken and vegetables | Sitno seckano

if you have an unglazed clay pot, don’t wait, like me, for years to use it. a chicken roasted in it is so soft and juicy, the vegetables nicely cooked in the juices. we had them accompanied with carrot top pesto with sour cream.

1 small or 1/2 large onion
2-3 new potatoes
1 purple sweet potato
2-3 young carrots
2 cloves garlic
⅓ hot green pepper
fresh herbs (parsley, mint, dill…)
salt, black pepper
whole chicken (about 1150 g)
unglazed clay pots should be soaked in water for 30 minutes prior to cooking. then arrange the vegetables and herbs on the bottom, season with salt and pepper, then put the chicken over the vegetables. season the chicken as well, with salt to taste and freshly grated black pepper.
cover the pot with the lid and place in a cold oven. clay pots should never be put in a preheated oven, or they may crack.
turn the oven to 200°C and bake the chicken covered for 1 hour and 15 minutes. then uncover and return to bake 15 minutes more.
be careful when removing the hot clay pot from the oven. don’t put it on the stove top or on a cold surface. use a soft heat pad.
never use soap when cleaning the pot, the clay is porous and will absorb the soupy water. clean the pot only after it is completely cooled, using warm water, and a brush if necessary.

Save

Print Friendly
previous post: Каша од сурова хељда / Raw buckwheat porridge
next post: Ванила сладолед / Vanilla ice cream

Trackbacks for this post

  1. Свинско печено во глинено тавче / Pork roasted in a clay pot - Sitno Seckano

Leave a Reply