можеби ќе ви изгледа смешно, ама овие бургери се од цртан филм. на син ми многу му се допадна цртаниот за љубопитното мајмунче џорџ, па го најде неговиот сајт, а таму и овој рецепт.
scroll down for the recipe in english

бургериве се прават многу лесно, а наутот има таков вкус што оди добро со разни зеленчуци, па можете да експериментирате со додавање тиквици, пиперки, пченка… ние сме ги јаделе со рендани моркови, ама највкусни ни се кога во нив има кромитче.

за 12 бургери:
1 шоља сварен наут (оставете го да отстои во вода неколку часа, па варете го додека не омекне)
или
1 конзерва наут (тој не треба да се вари)
3 јајца
сол, бибер
1 шоља презла
1 помал кромид, ситно исецкан
свеж магдонос, исецкан
некој зеленчук (ако сакате)

сварениот наут и јајцата изблендирајте ги, додадете ги другите состојки, измешајте сé да се добие еднолична смеса, па обликувајте ги бургерите со влажни раце и ставете ги да се печат во загреана рерна на 180°C околу 25 минути.

my son really liked the cartoon about curious george. he found his website and there this recipe. he printed it and requested that i make it.

these burgers are very easy to make. the chickpeas are a great base for adding other vegetables, like zucchini, peppers, corn… we have tried them with grated carrots, but we like them most with finely chopped onions.

for 12 burgers:
1 cup cooked chickpeas or 1 can of chickpeas
3 eggs
salt, pepper
1 cup breadcrumbs
1 small onion, finely diced
fresh parsley
some vegetable by your choicе

put the chickpeas and the eggs in a blender and blend them until smooth. add the rest of the ingredients, mix everything well and make burgers. bake at 180°C for 25 minutes.

Print Friendly
previous post: Сируп од ѓумбир / Ginger syrup
next post: Ражничи од свинско и кромид / Onion pork skewers

5 Comments

  1. Elena

    Здраво, овој е тој рецепт?
    http://pbskids.org/curiousgeorge/printables/recipe.html

  2. да, токму тој.

  3. Cece

    Нема никакво масло во рецептот?

  4. Нема масло, Цеце, а ако ги печеш врз фолија или хартија за печење, не мора ни тавчето да биде намачкано со масло.

Trackbacks for this post

  1. Ќофтиња од грав и домашни земички / Bean burgers with homemade buns | Sitno Seckano

Leave a Reply