Chocolate rolls | Sitno seckano

не знам дали има потреба да ги објаснувам овие ролни. меки, мирисни, како да поминувате покрај пекара, и полни со чоколадо. направете ги за појадок или вечера, секако добро ќе ви дојдат.

Chocolate rolls | Sitno seckano

scroll down for the recipe in english

тесто:

120 ml млако млеко

50 g шеќер

5 g сув квасец

1 јајце

250 g брашно

1/4 лажиче сол

3 лажици сончогледово масло

фил:

50 g кафеав шеќер

100 г темно чоколадо

3/4 лажиче мелен цимет

1/3 шоља какао

45 g путер, на собна температура

јас го месев тестото со миксер, со додатоци за тесто, ама можете и рачно. ставете ги сите состојки за тестото во вангла и месете ги додека не добиете убаво мазно тесто. потоа покријте ја ванглата со крпа и оставете го тестото да расте на топло место, еден до два часа, или додека не нарасне дупло.

за филот употребете сецко. прво пуштете го да го исецка чоколадото со шеќерот, циметот и какаото, а потоа додајте го путерот и промешајте сé.

врз побрашнета површина исукајте го тестото во голем правоаголник, отприлика 20 x 30 cm. посипете го со филот и замотајте го во ролат. исечете го ролатот на 12 парчиња и префрлете ги во тавче за мафини убаво намачкано со путер, или во обично тавче. покријте го тавчето со крпа и оставете го половина час да стои, пред да ги ставите ролните да се печат во рерна загреана на 180˚C. печете ги околу 15 минути, а потоа оставете ги малце да се оладат, ама послужете ги топли.

рецепт од smitten kitchen.

Chocolate rolls | Sitno seckano

i don’t think these rolls need a special introduction, or me persuading you that you need to make them. they are soft, full of chocolate and while baking your house will smell like a french bakery.

dough:

120 ml warm milk

50 g sugar

5 g dry yeast

1 egg

250 g flour

1/4 teaspoon salt

3 tablespoons sunflower oil

filling:

50 g brown sugar

100 г dark chocolate

3/4 teaspoon ground cinnamon

1/3 cup cocoa powder

45 g butter, at room temperature

i made the dough with an electric mixer, with the dough hooks, but it can be made by hand, too. put the dough ingredients in a bowl and knead until the dough is soft and smooth. cover the bowl with a tea towel and leave in a warm spot until doubled, a hour or two.

use a food processor for the filling. first mix the chocolate with the sugar, cinnamon and cocoa, then add the butter and mix again.

on a floured surface, roll the dough in a 20 x 30 cm rectangle, approximately. scatter the filling evenly and roll tightly. cut in 12 rolls and transfer to a well buttered muffin pan, or a baking pan. cover with a tea towel again and leave for 30 minutes, before baking in an oven preheated at 180˚C. bake for about 15 minutes, then leave to cool a little and serve warm.

recipe from smitten kitchen.

Save

Save

Save

Save

Save

Save

Save

Save

Save

Save

Print Friendly
previous post: Телешко во црвено вино и бакрдан / Red wine roasted beef with polenta
next post: Проја со спанаќ / Spinach cornbread

Leave a Reply