Dark chocolate chip, hazelnut cranberry cookies | Sitno seckano

секоја година пред да започне следната ви даваме идеи за зготвени новогодишни подароци. сега имаме рецепт за класични колачи со чоколатца, а покрај нив, ќе подготвиме теглички со мешавина за топло чоколадо и брза туршија за нашите блиски.

Dark chocolate chip, hazelnut cranberry cookies | Sitno seckano

излегуваат 70 колачи, со пречник од 5 cm.

1 кесичка ванилин шеќер

1 ⅓ шоља шеќер

200 g путер, на собна температура

2 јајца

2 ¼ шољи брашно

1 лажиче сода бикарбона

150 – 200 g темно чоколадо

50 – 100 g лешници

50 – 100 g суви брусници

прво изматете го путерот со шеќерот и ванилата, неколку минути, додека не стане блед и воздушест. додадете ги јајцата и повторно изматете убаво, прво со мала брзина, па на крајот со најголема. додадете ги брашното и содата и пак матете со постепено зголемување на брзината додека целото брашно не се измеша.

исецкајте го чоколадото на ситни коцки. јас употребив чоколадо со 85% какао. темното, горко чоколадо добро оди со благото тесто и киселките брусници. сепак, можете да ставите и само чоколадо во колачите, или бадеми, ореви… наместо лешници.

лешниците исечете ги на половинки и одвојте ги залепените брусници. измешајте ги чоколатцата, лешниците и брусниците во тестото со дрвена лажица. тестото е веднаш употребливо, може одма да се направат колачи, а може и да се остави во фрижидер до 2 дена, цело или оформено во топчиња. може и да се замрзне на подолго време. јас го замрзнувам во долга цилиндрична форма од која, кога ни се јадат колачи, сечам кругови и ги печам.

земајте со голема лажица или со лажица за топчиња сладолед од смесата и обликувајте ги набрзина во малку сплескани топчиња. редете ги во големо тавче, врз хартија за печење, на растојание од 4 – 5 cm едно од друго и печете ги во рерна загреана на 185°C околу 10 минути. извадете ги додека се уште бледи и меки, само по ивиците малку заруменети.

Dark chocolate chip, hazelnut cranberry cookies | Sitno seckano.

Print Friendly, PDF & Email
previous post: Панакота со кафе / Coffee panna cotta

Leave a Reply