cokoladna granola-11

јас ретко појадувам и обично е тоа прилично касно, а гранола со јогурт ми е омилен појадок. сега првпат ја направив чоколадна. рецептот е прилагоден од тука.

scroll down for the recipe in english

cokoladna granola

употребив мешавина од два вида овесни снегулки: едните исечени на тенки ливчиња, другите пресувани и погруби. обично ги користам тенките дека побрзо омекнуваат во млеко или јогурт. вам кои повеќе ви се допаѓаат?

500 g овесни снегулки (или мешавина од разни житарки)

150 g лешници и бадеми

130 ml вода

140 g темно чоколадо

85 g кафеав шеќер

3 лажици таан

1 лажица семчиња чиа

1 лажица ленено семе

исецкајте ги лешниците и бадемите на крупно, рачно или во машинче и помешајте ги со овесните снегулки, чиата и лененото семе. загрејте ја водата со чоколадото, шеќерот и таанот на средно и мешајте додека чоколадото не се стопи и сé не се измеша убаво.

истурете го чоколадниот сируп врз овесните снегулки и убаво измешајте ги, сите овесни снегулки да бидат прекриени со чоколадо. префрлете ја гранолата во големо тавче и ставете ја да се пече во загреана рерна на 175°C околу 20 – 30 минути. после првите 15 – 20 минути промешајте ја, а потоа често проверувајте ја и внимавајте грониот слој да не загори.

потоа оставете ја сосем да се олади, па префрлете ја во кутија или тегла која добро се затвара и уживајте во чоколадните појадоци. ние најмногу ја сакаме со јогурт и свежо овошје.

cokoladna granola-4

i usually skip breakfast, but when i don’t, my first choice is always granola with yogurt. this is the first time i made it with chocolate, adapted from this recipe.

cokoladna granola-10

500 g oat flakes (or mix of grains)

150 g hazelnuts and almonds

130 ml water

140 g dark chocolate

85 g brown sugar

3 tablespoons tahini

1 tablespoon chia seeds

1 tablespoon flax seeds

roughly chop the hazelnuts and almonds, in a food processor or by hand and mix with the oats, chia and flax seeds. heat the water with the chocolate and tahini, on medium heat and stir until the chocolate is melted and everything is evenly mixed.

pour chocolate syrup over the oats and stir well with a big spoon, making sure all oats are covered with syrup. transfer to a large baking tray and bake for 20 to 30 minutes in an oven preheated at 175°C. take out the tray after the first 15 to 20 minutes and stir the granola. check often after that, so the top layer doesn’t burn.

leave the granola to cool completely, then transfer to an airtight container and enjoy your chocolate mornings.

Print Friendly
previous post: Вегански сладолед / Vegan ice cream
next post: Колачи со ѓумбир / Ginger cookies

2 Comments

  1. This is beautiful granola… Thank you for the recipe. :)

  2. thank you, milkica :-)

Leave a Reply