Mini filo dough tarts with cheese | Sitno seckano

можеби изгледа комплицирано и долготрајно, ама овие корпи од кори многу лесно и брзо се прават. можат да се испечат и празни и да се наполнат со некоја салата, пинџур, сос или хумус, или со маскарпоне и свежо овошје. а многу се вкусни и вака, испечени со фил од јајце, јогурт и биено сирење.

Mini filo dough cups with cheese | Sitno seckano

scroll down for the recipe in english

имав две кори, останати од правењето една интересна нафалтана пита со урда, кои со кујнска ножица ги исеков на квадрати со димензии отприлика 7 х 10 cm и од нив излегоа 17 корпи.

корпи:

2 кори

¼ шоља сончогледово масло (или мешавина од масло и млеко, или стопен путер)

со кујнска ножица исечете ги корите на квадрати со димензии отприлика 7 х 10 cm. со четка премачкајте ги со масло и наредете по три квадрати еден врз друг, завртени под агол. притиснете ги во вдлабнатините на тавче за мини мафини.

фил:

1 јајце

¼ шoља јогурт

малку сол

75 g биено сирење, крупно изренадано

изматете го јајцето со јогуртот и помешајте го со ренданото сирење. додајте сол по вкус. ова сирење беше многу солено, па немаше потреба да додавам сол. наполнете ги корите со филот и ставете ги да се печат во рерна загреана на 200°C околу 10 минути, или додека филот не е стврднат, а корите заруменети.

Mini filo dough cups with cheese | Sitno seckano

ние ги јадевме тартчињата за појадок со малку лут ајвар од “перустија”.

Mini filo dough cups with cheese | Sitno seckano

these filo tarts may seem like something that requires a lot of time to make, but they are so simple and quick to assemble. they can be blind baked and then filled with a salad, pepper relish, sauce or hummus, or in a sweet version with mascarpone and fresh fruit. and they are delicious baked with a filling of eggs, yogurt and cheese.

Mini filo dough cups with cheese | Sitno seckano

i had two filo sheets left from making a folded filo pie with cottage cheese. using kitchen shears, i cut the sheets in approximately 7 х 10 cm rectangles and managed to make 17 filo cups with them.

filo cups:

2 filo sheets

¼ cup sunflower oil (or a mixture of oil and milk, or melted butter)

using kitchen shears, cut the filo in approximately 7 х 10 cm rectangles. brush each with oil, stack 3 rectangles slightly rotated and press into mini muffin tin cups.

filling:

1 egg

¼ cup yogurt

salt

75 g hard cheese, coarsely grated (i used a type of macedonian hard cheese called beaten cheese)

whisk the egg and yogurt and stir in the grated cheese. add salt to taste. the cheese i used was very salty, so there was no need for me to add any salt. fill the filo cups with the filling and bake in an oven preheated at 200°C around 10 minutes, or until the filling is set and the dough is golden brown.

Mini filo dough cups with cheese | Sitno seckano

we had these little filo cups for breakfast with macedonian red pepper relish from “perustija”.

Print Friendly, PDF & Email
previous post: Мафини со сладок компир / Sweet potato muffins
next post: Чизкејк за двајца / Cheesecake for two

Leave a Reply