сладоледов е ненормален. ненормално вкусен. инспирацијата е од тука, ама јас пак како основа го искористив рецептот за сладолед од мајка ми. не знам дали е повкусен овој од ѓумбир или оној од анасон, ќе морам пак да го направам тој од анасон и да споредам.

scroll down for the recipe in english

1 шлаг
2 јајца
3 лажици шеќер
150 ml ладно млеко
парче свеж ѓумбир, долго околу 2 cm, излупено и изрендано

ренданиот ѓумбир ставете го во 50 ml млеко, зовријте го млекото, тргнете го од шпорет и оставете го да се подолади. за тоа време изматете 2 белки во една вангла. во друга шлагот изматете го со 100 ml ладно млеко. кај белките додајте 3 лажици шеќер и двете жолчки, а потоа и шлагот. на крај додадете го и млекото со ѓумбир. ако сакате можете да го прецедите. јас не го прецедив, ми се допаѓаат парченцата ѓумбир во сладоледот.
ставете го сладоледот во пластична кутија и во замрзнувач на неколку саати пред да го послужите. можете да го посипете со ушеќерен ѓумбир, ама и не мора, самиот е доволно ѓумбирест.

this ice cream is crazy. crazy delicious. the inspiration for it is from here, but i used my mothers recipe for the base. now i don’t know which one is tastier, this one or the one with fennel seeds. i’ll have to make the fennel ice cream again to see.

1 cup cream
2 eggs
3 tablespoonssugar
150 ml cold milk
a 2 cm piece of fresh ginger, peeled and grated

put the ginger in a small saucepan with 50 ml milk, bring to boil. remove from the heat, and let stand to cool a bit while you make the ice cream. beat the cream in one bowl, in another beat the two eggwhites, add sugar, eggyolks, cream and the milk. i didn’t strain the milk and i like the ginger bits in the ice cream, but if you prefer you can strain it. put the ice cream in a plastic box and in the freezer for a few hours. you can serve the ice cream with caramelized ginger, but it’s fine without it, the ice cream itself is enough gingery.
Print Friendly
previous post: Колаче со мармалад / Jam cake
next post: Мини гибаници / Mini gibanicas

2 Comments

  1. Елена

    Дали ова ќе функционира со мелен ѓумбир? Купив пред некој ден и сега барам рецепти ама сите се за со свеж ѓумбир :/

  2. елена, не знам, не сум го правела сладоледов со мелен ѓумбир. свежиот има појак и малку различен вкус, ама пробај како ќе излезе.
    ние имаме доста рецепти со мелен ѓумбир, и благи и солени, се надевам ќе најдеш нешто што ќе ти го привлече вниманието:
    http://www.sitnoseckano.com/?s=%D0%BC%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D0%BD+%D1%93%D1%83%D0%BC%D0%B1%D0%B8%D1%80
    можеби колачето или мафините со тиква.

Leave a Reply