sladoled od leshnik-6

на барање на мартин, наместо некој чуден експериментален сладолед, како оние со ѓумбир, анасон или таан, по веганскиот, го направив овој многу лешникаст и малку чоколаден сладолед. според некого, најдобриот сладолед што сум го направила.

scroll down for the recipe in english

а погледнете го и овој рецепт за сладолед од лешници и чоколадо на блогот на оља, ја у кухињи, со зготвени јајца.

sladoled od leshnik-18

1½ шоља лешници

100 g млечно чоколадо

2 кесички шлаг

4 јајца

6 лажици шеќер

1 кесичка ванилин шеќер

300 ml ладно млеко

сомелете ги лешниците во сецко, ама не сосем ситно, освете парченца. ставете ги лешниците во 150 ml млеко и загрејте го млекото додека не зоврие. потоа тргнете го од шпорет, додајте го чоколадото и мешајте додека чоколадото не се стопи.

изматете ги белките во една вангла. во друга двата шлага изматете ги со останатите 150 ml млеко. кај белките додајте ги шеќерот, жолчките и ванилата, а потоа и шлагот. на крај додајте го и млекото со лешници и чоколадо и промешајте со голема лажица.

ставете го сладоледот во сад со капак и во замрзнувач на неколку часа пред да го послужите.

sladoled od leshnik-12

martin requested a “normal”, non-experimental ice cream, like these with fresh ginger, fennel or tahini, so after making the chai spiced vegan ice cream, i made this very hazelnutty and a little chocolatty ice cream. according to some, the best ice cream i ever made.

check also this recipe, from olja from ja u kuhinji, which is made with cooked eggs.

sladoled od leshnik-17

1½ cups hazelnuts

100 g milk chocolate

1 cup cream

4 eggs

6 tablespoons sugar

150 ml cold milk

1 teaspoon vanilla extract

process the hazelnuts in a food processor, leaving small pieces. put the hazelnuts in a small saucepan with the milk and bring to boil. remove from the heat, add the chocolate and stir until the chocolate is melted.

beat the cream in one bowl, in another beat the egg whites, add sugar, vanilla, eggyolks, cream and the milk with hazelnuts. mix and put the ice cream in a lidded container and in the freezer for a few hours.

Print Friendly
previous post: Плескавици од цвекло, морков и леќа / Beet carrot lentil burgers
next post: Полнети модри патлиџани / Stuffed eggplant / Karnıyarık

Trackbacks for this post

  1. JÄTSKIHOMMIA | Hannan soppa

Leave a Reply