Pasta salad | Sitno seckano

многу ретко правам вакви салати со макарони и секогаш се изненадувам колку всушност се вкусни. се разбира дека салата со макарони може да се направи со сé и сéшто, ама мене ми се допаѓа некоја ваква комбинација од додатоци, и не сакам да биде сува, ама па ни удавена во прелив.

Pasta salad | Sitno seckano

scroll down for the recipe in english

во оваа салата ставив:

2 – 3 шољи сварени ситни макарончиња
2 – 3 лажици кисела павлака
1 лажичка солени марокански лимони, изблендирани
1 лажичка сенф
сол, бибер
+
неколку лажици пченка
1 – 2 црвени печени пиперки
2 – 3 кисели краставички
1 младо лукче
печурки испржени со кромид и сол, бибер и свежа мајчина душица
свеж магдонос

прво макароните измешајте ги со павлаката, сенфот, солените лимони (или малку сок од лимон) и сол и бибер по вкус, а потоа додајте ги другите состојки, ситно исецкани. јас користам замрзната пченка, која е доволно само да се прелие со врела вода за да се одмрзне.

Pasta salad | Sitno seckano

i don’t make pasta salad nearly as often as it deserves. there are many recipes for pasta salad, but i like this selection of add-ins. and i don’t want it to be dry, but not drowned in dressing either.

for this salad:

2 – 3 cups cooked small pasta
2 – 3 tablespoons sour cream
1 teaspoon preserved moroccan lemons, processed to a paste
1 teaspoon mustard
salt, black pepper
+
a few tablespoons corn
1 – 2 roasted red peppers
2 – 3 pickled cucumbers (gherkins)
1 spring garlic
mushrooms sautéed with onion, salt, black pepper and fresh thyme
fresh parsley

stir the pasta into the sour cream, mustard, preserved lemons (or lemon juice), add salt and freshly ground black pepper to taste. then add everything else, cut in small peaces. i use frozen corn, defrosted by submerging in boiling water.

Save

Save

Save

Save

Save

Save

Save

Save

Print Friendly
previous post: Колач со цреши и сладолед од лимон / Cherry cake and lemon ice cream

Leave a Reply