purslane salad

ова растение purslane (portulaca oleracea), кое не знам како се вика на македонски, секое лето се појавува во моите саксии и расте како лудо. порано го корнев. еднаш го оставив да видам дали ќе има убави цветчиња, ама некако слабо цвета и продолжив да го корнам. сé додека не почнав да наидувам на текстови на интернет каде што пишува дека ова растение е многу здраво за јадење. наидов и на рецепти. и решив да го оставам да порасне и да го пробам. рецептот за оваа салатичка е од овде. многу е вкусна. растението е малку како зелена салата, малку како блитва, малку киселко.

scroll down for the recipe in english

немам точни количини, собрав од младите ливчиња колку што имаше, згмечив едно испечено лукче, малку сол, јогурт доволно за сето тоа да се поврзе и измешав сé. лесна, освежителна салата, со едно парче црн леб е супер за брз летен ручек.

purslane is not commonly eaten where i live, but i keep reading how healthy it is and i stumbled upon some recipes with purslane so i decided to give it a try. purslane shows up in my flower pots every summer and i used to pick it out since it’s a weed, but this year i kept it and a couple a days ago i made this simple salad. the recipe is from here.

i didn’t measure anything. i just picked all the young leaves, crushed a roasted garlic clove, added some salt, enough yogurt to cover everything and stirred. easy, light and refreshing little salad, along with a piece of whole-wheat bread was my lunch.

Print Friendly
previous post: Пиперки со урда / Ricotta filled peppers
next post: Чоколаден сладолед / Chocolate ice cream

7 Comments

  1. super izgleda ova salata sa purlsane-om.. ovdje u americi vecina bastovana to smatra korovom, a opet u organskim prodavnicama se prodaje $5 pound. =)

  2. isto i kod nas, ali se josh ne prodaje u prodavnicama.

  3. Hi!

    I am from Bulgaria and we both know, the languages are very similar.
    We call this plant in two ways:
    тученица
    тлъстига

    Use it ;)

  4. Кате

    Здраво :) Фала за инспирацијата во кујна и убавите рецепти. Јас дознав дека растениево, кое расте по дворови и саксии, се јаде, од едни гости од Турција. Од тогаш нонстоп ја правиме салатава која е и здрава и вкусна.
    Инаку се вика тучница.

  5. фала, Vanillka и Кате. Добро е да се знае.

  6. Ира

    На Крит прават и туршија, се јаде преку цела година го викаат ГЛИСТРИДА.

  7. Интересно звучи, Ира.

Leave a Reply