Red wine rasted beef with polenta | Sitno seckano

дали понекогаш ви останува неиспиено вино? ни нас. сепак некогаш, ретко, може да се случи да ни остане, па еве една идеја како да се искористи. ова е од оние јадења кои ги правам без рецепт. често правам такви јадења, и не мерам, користам состојки кои ги имаме во моментот, не запишувам и јадењето при секое правење е различно.

тоа е добро, така и сакам да готвам, да ги трошам намирниците кои веќе ги имаме во комбинации кои зависат од моменталната инспирација, ама тие јадења ретко се наоѓаат на блогот. ова е едно такво јадење, не рецепт, туку идеја. можете да го направите со свинско, пилешко или колбаси или само зеленчуци, можете да ставите и други зеленчуци (пашканат и сладок компир ми се меѓу омилените), или друга течност, пиво наместо виното, или само течност од варењето на телешкото. ние го јадевме со бакрдан (качамак), направен од пченкарно брашно од “наша фарма“.

Red wine rasted beef with polenta | Sitno seckano

бакрданот е нешто посебно, не само што не е направен со инстант-палента, туку и пченкарното брашно е наше и мелено на камен. пројата и бакрданот направени со него се неспоредливо повкусни од оние направени со обично пченкарно брашно.

Red wine rasted beef with polenta | Sitno seckano

за 3 – 4 порции:

400 g телешко, исечено на крупни парчиња

5 – 6 компири

2 – 3 моркови

1 кромид

4 – 5 чешниња лукче

2/3 шоља домашен кечап (или доматна салца)

1 – 2 лажички сол

свежо мелен бибер

1 лажиче цел бибер од туршија

1 лажиче изблендирани солени лимони

1 шоља црвено вино

1 шоља течност од варењето на месото

прво убаво сварете го телешкото, на тивко, додека не омекне, околу 2 часа. течноста зачувајте ја за супа или манџа. во длабоко тавче со капак, ставете ги прво парчињата месо, потоа компирите и морковите исечени крупно, кромидот на дебели кришки, лукчињата излупени, ама оставени цели. потоа додајте ги зачините и течностите, поклопете го тавчето и ставете го во рерна загреана на 150 – 175˚C, па печете го еден саат со капак, еден без и уште некое време додека не испари скоро целата течност или не се згусне.

бакрдан

250 g пченкарно брашно

600 ml вода

1 лажичка сол

2 – 3 полни лажици кисела павлака

загрејте ја водата додека не зоврие. ставете сол, тргнете го тенџерето на страна и полека истурете го пченкарното брашно да остане на површината. со рачка од дрвена лажица направете неколку дупки во брашното, намалете ја температурата на најслабо и вратете го тенџерето врз ринглата. водата треба многу полека да врие. ставете капак на тенџерето и оставете го бакрданот да се вари половина час. потоа измешајте го убаво и додајте ја павлаката, или малце млеко или путер.

Red wine rasted beef with polenta | Sitno seckano.

Save

Save

Save

Save

Save

Save

Save

Save

Print Friendly
previous post: Чизкејк со динстани јаболка / Cheesecake with sauteed apples
next post: Чоко-ролни / Choco-rolls

Leave a Reply