за ребрата во еден сад помешајте:

2 лажици зејтин
2 истолчени лукчиња
сол, бибер
200 ml црвено вино
2 лажици соја сос
2 лажички балсамик оцет
2 лажици кечап
2 лажички сенф
2 лажички мед

сето тоа прелијте го врз пола кило свински ребра и оставете го во фрижидер пола саат или повеќе. ако немате време за маринирање, можете да го прескокнете фрижидерот и веднаш да ги ставите да се печат на 180°C околу еден саат. еднаш или два пати во текот на печењето полејте ги ребрата со течноста. многу се вкусни со цвекло печено во фолија.

за цвеклото ви требаат две подолги парчиња фолија со кои ќе го обложите тавчето, а да има доволно и да се завитка цвеклото „херметички“. во тавчето врз фолијата ставете:

пола кило цвекло, излупено и исечено на крупни парчиња
многу лукчиња, цели, неизлупени, само малку смачкани
оригано
сол, бибер
маслиново масло
балсамик оцет

малку промешајте, затворете ја фолијата да не може да излегува пареа и ставете го тавчето во загреана рерна на 200°C. Треба да се пече 40-60 минути.

Print Friendly
previous post: Вафли со овошје
next post: Сладолед

Trackbacks for this post

  1. Киш со цвекло, ореви и сирење манури / Beet, walnut and manouri cheese quiche - Sitno Seckano

Leave a Reply