roasted sour cherry vanilla ice cream | sitno seckano

уште еден ванилест сладолед, овој пат ишаран со печени вишни.

roasted sour cherry vanilla ice cream | sitno seckano

scroll down for the recipe in english

убаво измијте ги вишните, ставете ги во тавче во еден слој и посипете ги со малку шеќер. јас употребив 1 лажица шеќер на околу половина килограм вишни. сакав да останат кисели, а и самите вишни беа многу вкусни, ќе беа добри и без шеќер. пробајте ги, па одлучете колку шеќер ќе им ставите, ама гледајте да не станат многу благи, сладоледот е благ. ставете ги да се печат во рерна загреана на 225°C околу 10 – 15 минути, или додека не омекнат и не пуштат сок. проверувајте ги повремено.

кога ќе се оладат, извадете ги семките. мислам дека полесно се вадат откако вишните се испечени, отколку пред тоа. соберете ги вишните и целиот сок што го пуштиле во сад со капак и чувајте ги во фрижидер, можат да стојат една недела.

за сладоледот, дел од вишните и сокот изблендирајте во сос. јас ги ставив во голема тегла и ги сомлев со рачен блендер.

за ванила сладоледот:

4 јајца

6 лажици шеќер

2 кесички шлаг

300 ml ладно млеко

2 кесички ванилин шеќер

прво изматете ги убаво белките, бидејќи за нив миксерот треба да биде чист. додајте ги шеќерот и ванилата, а потоа и жолчките. во друг сад изматете го шлагот со млекото, па измешајте го шлагот со јајцата. во сад со капак кој може да се стави во замрзнувач ставете наизменично неколку слоја од смесата за сладолед и сосот од печени вишни. за оваа количина ви треба сад од 1,5 l.

оставете го сладоледот неколку часа во замрзнувач пред да го послужите.

roasted sour cherry vanilla ice cream | sitno seckano

печените вишни се одлични и со кефир и чоколадна гранола или во смути.

i made another vanilla ice cream, this time with swirls of roasted sour cherry sauce.

wash the sour cherries and put in a baking pan, in one layer. sprinkle with a little sugar. i used 1 tablespoon sugar for about half a kilo of sour cherries. i wanted to preserve the tartness, and these sour cherries were delicious on their own, they would have been great even without sugar. taste the cherries before roasting to determine how much sugar they need, but keep in mind that the ice cream is already quite sweet. roast the cherries in an oven preheated at 225°C around 10 – 15 minutes, or until they soften and release their juices. check them occasionally.

when the sour cherries have cooled, pit them (i think it’s easier done after roasting, then before) and transfer to a container along with the juices they released. keep in the fridge for a week.

the roasted sour cherries are great with kefir and chocolate granola or in a smoothie.

for this ice cream, i transferred part of the cherries and juice in a glass jar and blended them with a handheld blender.

for the vanilla ice cream:

4 eggs

6 tablespoons sugar

2 cups cream

2 teaspoons vanilla extract

beat the egg whites until stiff, add sugar, egg yolks and vanilla. beat the cream in another bowl and add to the eggs. in a freezer friendly container arrange the ice cream and sour cherry sauce in several layers. for this amount of ice cream you’ll need a 1,5 l container.

put in the freezer for a few hours before serving.

Save

Save

Save

Save

Print Friendly
previous post: Цезар сендвич со домашни лепчиња / Caesar sandwich with homemade buns
next post: Крекери од семки / Seed crackers

Trackbacks for this post

  1. Колач со цреши и сладолед од лимон / Cherry cake and lemon ice cream - Sitno Seckano

Leave a Reply