Sour cherry cake | Sitno seckano

ова колаче на ливчињата на мајка ми со рецепти, од едната страна исполнети со нешто напишано на машина за чукање, се вика “мрсно тесто со вишни”. не знам зошто, кога ниту тестото е мрсно ниту има многу масло. совршено колаче за овој период, кога има зрели вишни, или во било кое друго време, направено со замрзнати вишни.

Sour cherry cake | Sitno seckano

scroll down for the recipe in english

4 јајца
200 g шеќер
1 кесичка ванилин шеќер
60 ml масло (или путер)
200 g брашно
500 g вишни

исчистете ги вишните од семки. ако користите замрзнати, нема потреба да ги одмрзнувате.

одвојте ги жолчките од белките и прво убаво изматете ги белките. додајте го шеќерот, повторно изматете, па жолчките, маслото и брашното. подмачкајте со путер тавче со пречник од 28 cm. во него сипете половина од тестото, па наредете ги вишните, па прекријте ги со останатото тесто. печете го колачот во рерна загреана на 200°C околу 25-30 минути.

Sour cherry cake | Sitno seckano

this simple cake from my childhood is what my mother often made when sour cherries were in season. i have her recipe, written on a piece of paper from her work. it is equally delicious with frozen sour cherries as well. no need to defrost them before using, so the cake comes together pretty quickly.

Sour cherry cake | Sitno seckano

4 eggs
200 g sugar
1 sachet vanilla sugar
60 ml sunflower oil (or butter, melted)
200 g flour
500 g sour cherries

pit the sour cherries. separate the yolks from the whites.

first beat the egg whites well. add sugar and whisk, then add the egg yolks, oil and the flour gradually. butter a pan that’s approximately 28 cm in diameter. pour half of the batter in the pan, arrange the sour cherries, then cover them with the remaining batter. bake in an oven preheated at 200°C around 25-30 minutes.

Save

Save

Save

Print Friendly
previous post: Тавче гравче / Baked beans
next post: Тартчиња и кростини со јајца од препелица / Quail egg tarts and crostini

Leave a Reply