Sweet potato cake | Sitno seckano

брзо и лесно колаче, нема ни масло ни млеко во него, а сепак е сочно и меко од слаткиот компир.

Sweet potato cake | Sitno seckanoscroll down for the recipe in english

120g путер, на собна температура

½ шоља шеќер

1 кесичка ванилин шеќер**

1 шоља пире од печен портокалов сладок компир*

2 јајца

1 ½ шоља брашно (пола бело, пола интегрално)

1 лажиче прашок за пециво

¼ лажиче сода бикарбона

1 лажиче мелен цимет

½ лажиче мелено мушкатно оревче

убаво изматете го путерот со шеќерот и ванилата, па додајте ги другите состојки и матете додека не се измешаат. ставете го тестото во тавче премачкано со путер, со димензии отприлика 8 х 34 cm (моево тавче е малку потесно и подолго отколку што се вообичаено ваквите долгнавести тавчиња). печете го колачот во рерна загреана на 175°C околу 35 – 45 минути (проверете со чепкалка дали е готово).

* за пире од сладок компир: измијте ги компирите, избоцкајте ги со вилушка на неколку места и ставете ги да се печат на 200°C, додека не омекнат (тоа може да биде од половина до цел час, во зависност од тоа колкави се компирите, затоа проверувајте ги од време на време). потоа расечете ја лушпата и со лажица извадете го омекнатото месо.

** направив домашен ванилин шеќер, од едно стапче ванила употребено за сладолед. ставам по 1 лажица од овој шеќер наместо кесичка ванилин шеќер.

Sweet potato cake | Sitno seckano

this sweet potato cake is so easy to make, and it’s deliciously sweet, spicy and moist from the roasted sweet potatoes.

Sweet potato cake | Sitno seckano

120g butter, at room temperature

½ cup sugar

1 tablespoon vanilla sugar**

1 cup mashed orange sweet potato

2 eggs

1 ½ cups flour (half all-purpose, half whole-wheat)

1 teaspoon baking powder

¼ teaspoon baking soda

1 teaspoon ground cinnamon

½ teaspoon nutmeg

cream the butter with the sugar and vanilla sugar, add the other ingredients and mix until everything is incorporated. pour the batter in a buttered loaf pan (mine is 8 х 34 cm, a little longer and narrower than most). bake in an oven preheated at 175°C for 35 – 45 minutes (check with a toothpick for doneness).

* to make sweet potato puree: wash the sweet potatoes, prick a few times with a fork and roast at 200°C, until soft. it may take half an hour to an hour, depending on the size. then split the skin and scoop the soft flesh.

** i made my own vanilla sugar by putting a vanilla bean, whose seeds i used for ice cream, into a jar full of sugar.

Save

Save

Save

Save

Save

Print Friendly, PDF & Email
previous post: Брза туршија / Quick pickled vegetables
next post: Сендвич со салата и јаболко / Apple lettuce sandwich

Leave a Reply