All posts in “бадеми”

vanilla ice cream with almond hazelnut chocolate chips | Sitno seckano

Ванила сладолед / Vanilla ice cream

решив оваа година често да правам сладоледи. ова е првиот, го снема за еден ден. рецептот е на мајка ми и од него се добива најмазниот и најкремаст сладолед, а може да послужи како основа за многу вкусови. јас овде додадов семчиња од стапче ванила, за поизразен ванила вкус, и искршено темно чоколадо со бадеми и лешници.

Continue Reading…

Raw buckwheat porridge with kefir, almonds, apples and blackberries | Sitno seckano

Каша од сурова хељда / Raw buckwheat porridge

за каша од сурова хељда не ви треба строг рецепт. откако ќе отстои во вода, изблендирајте ја со некоја течност (млеко, јогурт, кефир, растително млеко, сок…), зрна, семки, јаткасти плодови, свежо и/или замрзнато овошје, зачини (ванила, цимет…), нешто за заблажување (мед, суви овошја…). испробајте разни комбинации и видете што најмногу ви се допаѓа, а еве како ние ја јадевме за појадок пред некој ден.

Continue Reading…

Fruit & Nut Bread Crackers | Sitno seckano

Овошни крекери / Fruit bread crackers

знам дека за повеќето рецепти викам дека лесно се прават. тоа е една од работите што ми е мене важна, сакам да правам лесни рецепти, ретко се нафаќам на нешто комплицирано. а понекогаш не толку лесниот рецепт го менувам да биде лесен.

Continue Reading…

quick pickled vegetables

Брзи новогодишни подароци / Last-minute holliday gifts

еве ме во последен момент да ви дадам идеја или две за домашно зготвени подароци за нова година.

Continue Reading…

fruit and nuts energy bites / sitno seckano

Енергетски бомбици / Energy bites

пред некое време почнав да ги правам овие топчиња за секое качување на планина и секогаш се добро примени. ги правам колку залче, и таман се, ме живнуваат, ама не само на планина или после трчање, туку и после работа или во било кое друго време кога ми фали малку енергија.

Continue Reading…

Макаронс / Macarons

овие слатки мали лапни-голтни колачиња важат за тешки за правење. и точно е, може да не излезат мазни и подигнати, ама тоа не е причина да не пробате да ги направите. а и да распукаат по површината, секако ќе бидат вкусни.

Continue Reading…

Колачи со киноа / Quinoa cookies

веќе некое време и кај нас може да се најде киноа. ако не сте ја пробале до сега, направете го тоа. киноата многу лесно и брзо се готви, а може да се употреби наместо ориз, кус-кус, булгур или друга житарка. добро оди со печен зеленчук, месо и риба, може да се стави во супи и чорби или во салати, вкусна е и долго ќе ве држи сити. а овде ви ја предлагаме киноата како дел од вкусни колачи, кои се супер со ладно кафе или ладен чај.

Continue Reading…

Чоколадна гранола / Chocolate granola

јас ретко појадувам и обично е тоа прилично касно, а гранола со јогурт ми е омилен појадок. сега првпат ја направив чоколадна. рецептот е прилагоден од тука.

Continue Reading…

Коблер со јаболки и капини / Apple blackberry cobbler

коблер обично се прави како овој со праски на маја. таа многу убаво го прави, еднаш дури донесе рабарбара од холандија за да ни направи коблер со рабарбара.

Continue Reading…

Колаче со свежи брусници / Fresh cranberry cake

не знам дали негде во скопје можат да се најдат свежи брусници. јас ова колаче го направив кога бевме на гости кај маја и џипу во холандија, ама мислам дека ќе биде исто толку убаво и со вишни… или сливи. само ставете помалку шеќер ако се благи.

Continue Reading…

Ликер од кафе / Coffee liqueur

направив ликер. од кафе. тука има умешани и други работи, не е само кафето, ама ликерчето е баш супер. може да се пие, а може да се става и во колачи (или во сладолед).

Continue Reading…

Ромеско сос …… Romesco Sauce

Некои рецепти и јадења душата ќе ви ја извадат… ќе се изнамачите со саати, јадењето за никаде ќе биде, во меѓувреме цела кујна ќе ја извалкате и на крај ќе немате ништо да покажете за сето тоа готвење, сецкање, мешање, мерење…

Веднаш да ви кажам дека овој рецепт не е таков. Рецептов е лесен, брз, и изненадувачки вкусен!

Continue Reading…