All posts in “грав”

Eggplant meatballs | Sitno seckano

Ќофтиња од модри патлиџани / Eggplant “meat”balls

Пилешко чили со зелен грав / Mung bean chicken chilli

дали готвите разни типови грав? јас обично имам дома неколку типови грав и често варам големо тенџере од некој од нив и потоа го користам гравот во разни рецепти следните денови. разни салати, или манџи, супи, ќофтиња, сосови, фил за бурита и енчилади

Continue Reading…

Ќофтиња од грав и домашни земички / Bean burgers with homemade buns

има денови кога е тешко сите тројца дома да се погодиме во исто време за ручек или вечера. затоа, во таквите денови, ми се допаѓаат овие ќофтиња со домашни земички, секој може да си направи сендвич кога му се јаде, и да си стави додатоци по желба.

Continue Reading…

Салата од грав и спанаќ / Spinach bean salad

многу сакам салата од грав. онаква обична, сварен грав, исецкан кромид, сол, бибер, оцет, масло. ама зошто на тоа да не се додаде уште нешто? некогаш свежа рукола, а некогаш спанаќ, некогаш лукче наместо кромидот. салатава е толку вкусна, што долго ќе ви остане во сеќавање.

Continue Reading…

Тортиља супа … Tortilla Soup

Се смрзнавме во Холандија летово. Како што напишав на Facebook пред неколку дена, летово температурата беше 16 – 18 степени, а сега сме во септември и е уште поладно, плус со неколку бури и страшен ветер додадено. Можеби кај вас е сеуште топло, ама супава е премногу вкусна да чекам да залади во Македонија да ви ја кажам.

Continue Reading…

Две салати со рукола / Two arugula salads

имам рукола во саксија на тераса па често правам салати со неа. еве два рецепта:

Црноок грав и рукола

1 шоља црноок грав, сварен и исцеден
2-3 млади кромитчиња, исецкани на тркалца
маслиново масло
купче ливчиња рукола, исецкани или искинати на парчиња
сол, бибер
балсамик оцет

помешајте сé и салатата е готова. јас овде ставив и една зелена лута пиперка, а салатава е супер и со обичен грав и со спанаќ наместо рукола.

другата салата ја склепав еден ден од состојки најдени во фрижидерот.

Зелена салата и рукола

зелена салата
рукола
ротквици
сол, бибер
зејтин, оцет
пармезан изрендан на крупно

помешајте сé и готово. руколата ептен иде со пармезан.

рукола на ситно сецкано до сега: макарони со печен зеленчук и рукола и салата со рукола и авокадо.

i planted arugula in a pot so i often make salads with it. here are two recipes:

Black-eyed beans and arugula salad

1 cup black-eyed beans, boiled and drained
2-3 scallions, sliced in circles

olive oil
a bunch of arugula leaves

salt and pepper
balsamic vinegar

toss everything together and you have a tasty filling salad. i added a hot green pepper here, and you can replace the black-eyed beans with white beans and the arugula with spinach, it’s equally tasty.

i made the other salad one days with ingredients i found in my fridge.

Lettuce and arugula salad

lettuce
arugula
radishes
salt and pepper
sunflower oil and red wine vinegar
grated parmesan

toss everything in a salad dish and you have a fresh salad. i like how the arugula goes with the parmesan cheese.

arugula on sitno seckano before: pasta with baked vegetables and arugula and arugula and avocado salad.

Борачо грав …… Borracho beans

Еве уште еден рецепт со пиво. Ќе се изненадите колку е вкусно гравчево. Рецептот е по потекло мексикански, ама јас го направив со холандско темно пиво Амстел, исто како во рецептот за пилешки такос маринирани со пиво. Рецептот, т.е. инспирацијата ја најдов тука. Освен пивото, јас употребив и холандски грав. Тоа значи дека не мора да го следите рецептот збор до збор, употребете каков грав имате и какво пиво можете да најдете.
~ 500 гр. грав (оставен да стои во ладна вода околу 12 саата, а може и повеќе, мојот стоеше околу 20 саата)
1 кромид
3-4 лажици зејтин
100 гр. чадена сланина, ситно исецкана
1 конзерва домати или 5-6 свежи домати, исецкани
1 шише пиво (по можност темно)
сол, бибер, оригано, чили зачин
Ставете го зејтинот во поголемо тенџере и испржете ја сланината околу 2-3 минути, додајте го исецканиот кромид и пржете го уште 2 минути, додајте го исцедениот грав и веднаш додајте го пивото, доматите и доволно вода за течноста да биде околу 2 прста над гравот. Варете го гравот на тивко околу саат време (или два саата, во зависност од гравот и колку му треба да се свари). Јас забележав дека колку подолго го оставам гравот да седи во ладна вода, толку пократко се вари. Кога гравот ќе биде сварен, додајте сол, бибер, малку оригано и чили зачин. Со лажица изгмечете неколку зрна за да се згусне течноста. Ако гравот изгледа сув додека се вари додајте повеќе топла вода во тенџерето. Гравчево може да го јадете со разни додатоци: магдонос, свеж кориандер, павлака, малку сок од лимон, авокадо или малку рендан кашкавал. Уживајте !
Here is another recipe with beer. I found the inspiration and recipe here. Even those borracho beans are a mexican recipe, I used dark Amstel beer, the same as in the beer marinated chicken tacos and dutch brown beans. It’s easily adaptable to whatever beer or beans you can find. Make this recipe, you will be suprised how delicious they are.
~ 500 gr or a pound of dry beans (soaked in cold water for at least 12 hours, I soaked mine for abour 20 hours)
1 onion
3-4 tablespoons vegetable oil
100 gr. or 4 oz. smoked bacon, finely chopped
1 bottle of dark beer
1 can of tomatoes, or 5-6 fresh tomatoes, chopped
salt, pepper, oregano, chilli or cayenne pepper
Fry the bacon in the oil in a big pot for about 2-3 minutes, add the chopped onion and fry for another 2 minutes. Add the rinsed beans, the bottle of beer, the tomatoes and enough water to cover the beans by about an inch or inch and a half. Cook the bean gently for about an hour (or more if needed) until cooked, add the salt, pepper, oregano and cayenne and mash some of the beans with the back of a spoon. If your beans look dry while cooking, add more water. Serve the beans with parsley, cilantro, lime wedges, sour cream, avocado or some shredded cheese. They are delicious !

Тосканска супа со грав / Tuscan bean soup

ова е супер супа за во зима. со лепче може да помине како ручек или вечера.

2 лажици маслиново масло
1 кромид исечен на тенки кришки
3 лукчиња, смачкани
200 g сланина, на коцки
2 компира, на коцки
1 шоља сварен грав, може и друг вид, црвен или шарен
1-2 листа лорбер
оригано
магдонос

на загреано маслиново масло испржете ги на кратко (околу 5 минути) сите состојки до гравот. потоа додадете го гравот и околу 1 l од течноста во која се варел гравот (или течност во која се варела кокошка, или само вода), лорберот и ориганото. оставете ја супата да зоврие и варете ја уште 15 минути. потоа ставете сол, бибер и свеж магдонос, ако имате, јас немав.

this is a warming winter soup, eaten with crusty bread it is a meal in itself.

2 tablespoons olive oil
1 onion, cut in thin wedges
3 garlic cloves, crushed
200 g bacon or pancetta, cubed
2 potatoes, cubed
1 cup cannellini beans, or any other kind
1-2 bay leaf
oregano
parsley

fry the onion, garlic, bacon and potato in the heated olive oil for 5 minutes. add the beans, stock, bay leaf and oregano, bring to boil and simmer for 15 minutes. season with salt and pepper and add fresh parsley, if you have it.

Сос од грав / White bean dip

ова сосче иде многу добро со печено месо, особено со ребрата со црвено вино, или како дип за чипс.

1 лукче (или 2-3)
магдонос
1 шоља сварен и исцеден грав, малку од течноста сочувајте
1 лажица сок од лимон, а и не мора
2 лажици павлака
1 лажичка табаско сос или самбал (нешто лутко)
1/4 лажичка сол
бибер

ставете се во блендер + малку течност од гравот, ама само малку и изблендирајте.
се јаде ладно.

this dip goes well with roasted meat, especially with the ribs in red wine, or serve it like a dip for potato or corn chips.

1 clove of garlic (or more)
parsley
1 cup cooked and drained white beans, reserve some of the cooking liquid
1 tablespoon lemon juice (optional)
2 tablespoons sour cream
1 teaspoon tabasco sauce or sambal (somenting hot)
1/4 teaspoon salt
pepper

put everything in a blender + a little bit of the reserved liquid and blend until smooth. serve cold.

Pork enchiladas with kidney bean salad, guakamole and sour cream



svinsko meso
2 konzervi domati
1 chipotle pepper in sauce
8 tortilji
1 konzerva grav
1 konzerva pcenka
1 kromid
rendan kashkaval
svezi domati

Svinskoto meso se sece na nekolku golemi parcinja i se dinsta vo malku zejtin, malku voda, 1 zrel domat zamrznat pa izrendan, sol, biber i kumin okolu saat i polovina. Koga ke se oladi se dvoi na pomali parcenca so prsti.

Konzervite domati i chipotle piperkata se blendiraat i potoa se varat na tivko okolu polivina saat so sol, biber i malku zejtin.

po malku od mesoto se stava vo sredinata na sekoja tortilja, se vitka vo rolna i site svitknani tortilji se redat vo tavce vo koe na dnoto ima malku sos od domatite, i potoa pak se polivaat so sosot, i so rendan kashkaval. se pechat okolu 30 min. na 200 stepeni.

Salatata se pravi od pcenkata, gravot, iseckan domat i kromid, malku ocet, zejtin i sol i biber.

Maja