All posts in “кромид”

Две салати / Two salads

од едно патување во истанбул, еднo од јадењата кои најмногу ми останаа во сеќавање е ручекот последниот ден пред да си одиме, во едно мало преполно кафанче во близина на египетскиот пазар во кое прво седнавме само да јадеме благо од кадаиф, сирење и шербет (кунефе), ама набрзо ја сменивме нарачката и јадевме цел ручек.

првото нешто што ни го донесоа беше салатата езме заедно со округли лепчиња и црвен булгур. беше неверојатно освежителна и вкусна, па пробав да ја направам и дома. најдов повеќе рецепти за неа, ама ја направив најмногу според овој. салатата е многу вкусна поради сите состојки, ама мислам дека сирупот од калинка и сумакот придонесуваат да биде освежителна и киселкаста.

Continue Reading…

Печени пастрмки / Roasted trout

сите знаеме дека е добро да се јаде риба, барем еднаш неделно… или три пати. ние најчесто јадеме пастрмка, едноставно испечена, а кога имам време ѝ додавам компири и кромид. вака испечен, кромидот е многу вкусен, стопен и сладок.

Continue Reading…

Гулаш со кнедли / Goulash with dumplings

не знам дали овој гулаш е автентичен унгарски или не, во секој случај е многу вкусен и е одлична манџа за ова време од годината. ставете лути чили пиперчиња по свој вкус. списокот на состојки е подолг, ама воопшто не е тешко да се направи, и ако немате некој зачин, изоставете го. и кнедлите се убав додаток. обично сме навикнати на кнедли во супа, а овие се малку поразлични, дека се готват на пареа. Continue Reading…

Пити со печурки и тиква / Pumpkin and mushrooms tarts

кога ќе купите на пазар тиква од 6 kg, од неа можете неколку пати да направите пита, колач, мафинисупасалата или смути. можете и да замрзнете дел од пирето од тиква за правење колачи кога тиквите ќе ги нема на пазар, а можете да пробате и нешто ново, како овие солени пити со тиква и печурки. ние дома повеќе сакаме пити од тиква во блага варијанта, ама и овие солениве не беа воопшто лоши. тестото лесно се развлекува тенко, а кога ќе се испече е крцкаво од афионот, а филот е повеќе или помалку слатко-солен, во зависност од тоа колку е блага тиквата.

Continue Reading…

Свински врат и хармоника компири / Pulled pork and hasselback potatoes

долго динстано свинско на тивко е една од најдобрите работи кои ги прави мајка ми. јас со ова парче свински врат решив да направам нешто друго, инспирирана од многуте рецепти за свинско по интернет. во мешавината зачини има и кафе и шеќер, ама на крајот нема да приметите дека ги има, туку со нив месото добива убава зачинета коричка и е толку меко што се распаѓа само со вилушка. а компирите вака испечени ни се обавезен и омилен начин на готвење кога се млади, ама покрупни, не ситни.

Continue Reading…

Интегрален ориз со зеленчук и сирење халуми / Brown rice with vegetables and haloumi cheese

минатиот викенд имавме на гости една другарка од битола, елена, која остана неколку дена. во саботата елена ни направи многу убав ручек: интегрален ориз со многу зеленчуци, сирење халуми “на скара” и за десерт – интегрален ориз со урми. сé беше многу вкусно, особено додатокот од рендана кора од лимон, кој го направи оризот многу свеж.

Continue Reading…

Солени мафини со младо кромитче / Savory muffins with scallions

деновиве младото кромитче е сé поприсутно на пазарите, па еве ви идеја (освен онака да си го грицкате) како да се насладувате со него. јас измешав обично брашно со интегрално брашно од спелт (спелта, пир) и со пченични никулци, ама ако сакате можете да употребите и само обично брашно или да направите некоја друга комбинација.

Continue Reading…

Француска супа од кромид / French onion soup

ако ви се допаѓа вкусот на споро пржен, карамелизиран кромид, тогаш ќе ви се допадне и супава. идеална е и сосем доволна за ручек или вечера кога е вака ладно времето. и лесно се прави, иако долго, ама нема многу работа.

Continue Reading…

Печен зеленчук во тесто / Roasted vegetables in batter

во последно време сé што ми се јаде е печен зеленчук. печено цвекло со праз или во салата, печени моркови и компири, печен зеленчук со тестенини, печен зеленчук во супа… или, печен зеленчук во тесто.

Continue Reading…