All posts in “маскарпоне”

Макаронс / Macarons

овие слатки мали лапни-голтни колачиња важат за тешки за правење. и точно е, може да не излезат мазни и подигнати, ама тоа не е причина да не пробате да ги направите. а и да распукаат по површината, секако ќе бидат вкусни.

Continue Reading…

Тартови со маскарпоне и јагоди / Mascarpone strawberry tarts

нa нашето неодамнешно гостување на саемот за современи уметности “паратисима” во МКЦ, донесовме неколку јадења и, според одѕивот од посетителите, сите беа вкусни и ништо не остана неизедено. сепак, мислам дека десертот беше ѕвезда на вечерта, па еве го рецептот.

Continue Reading…

Mascarpone cake with strawberries

Колач со маскарпоне / Mascarpone cake

од испробување некои рецепти, ми остана голема количина маскарпоне измешано со слатка павлака. очекував слатката павлака да се измати во густ шлаг, тоа не се случи, па мешавината беше премногу течна за планираниот рецепт. но, затоа одлична за овој колач, кој се прави брзо, се мати во еден сад и има неверојатен, млечно-путерест вкус.

Continue Reading…

Пица со праз / Leeks pizza

се залетав и купив голем врзоп праз, со повеќе од дваесет праза. добро што дома сакаме да го јадеме, а и многу е здрав, па веќе јадевме салати со свеж, ситно исецкан праз и маслинки, испржен со ориз, со шпагети и маскарпоне и во некоја форма на пита/галета/тарт. денешниот рецепт е една од тие варијанти, направена со тесто за пица.

Continue Reading…

Сливи со маскарпоне и ананас со нане / Plums with mascarpone and pineapple with mint

на овие темпратури сигурно не ви се готви многу, а ни мене, затоа пробувам да најдам рецепти за кои не треба многу време да се помине во кујна. рецептот за сливите со маскарпоне, мед и нане е од joy the baker и е многу лесен, брзо се прави, а вкусот неверојатен. таа користи кајсии, ама мислам дека и со праски би било многу вкусно.

Continue Reading…

Тирамису ….. Tiramisu

Еве уште еден од оние рецепти кои се големи хитови во мојот репертоар, а за кои досега не сум ви кажала. Мислам дека пред неколку години, ако требаше да правам десерт за гости или за да импресионирам некого, тогаш правев или чизкејк или тирамису. Потоа додека живеев во Сиера Леоне се фокусирав исклучително на chocolate chip cookies и колаче од банани. А сега во Холандија, повторно и се вратив на чизкејк, најмногу поради тоа што рерната ми е за никаде и најдобро пече на слаби ниски температури…

Continue Reading…