All posts in “наут”

Кускус со зеленчук


1 шоља наут, оставен во вода преку ноќ, или една конзерва
1 кромид, ситно исецкан
1 стапче цимет
1 помал модар патлиџан, исечен на коцки
2 моркова, исечени на кругчиња
2 помали компира, исечени на коцки
1/4 лажиче пимент
3 лажички Хариса
1 помала тиквичка, исечена на коцки
1 зрел патлиџан, на парчиња
сол, бибер
свеж магдонос

ставете го кромидот да се пржи на тивко заедно со стапчето цимет, додека кромидот не омекне. потоа додадете ги модриот патлиџан, морковите и компирите и оставете ги да се пржат на тивко, поклопени, околу 10 минути, со повремено мешање. додајте ги пиментот, харисата, една чаша жешка вода, наутот, тиквицата, патлиџанот, сол и бибер. повторно поклопете го тенџерето и оставете ги да се готват уште 15тина минути. магдоносот додадете го на крајот, откако ќе го тргнете тенџерето од шпорет.
кускусот направете го според упатството на кутијата.

Салата со модри патлиџани, наут, печени пиперки, сирење и маслинки


1 голем модар патлиџан
1 шоља наут, стоен преку ноќ во вода, варен пола саат и исцеден, или
1 конзерва наут, исцеден
2 црвени пиперки, печени, излупени и исчистени од семки (јас имав вакви замрзнати, ама
можете да употребите и пиперки од тегла)
бело сирење
црни маслинки
оригано
сол
бибер
балсамик оцет
маслиново масло
соја сос
2 лукчиња, истолчени

Модриот патлиџан исечете го по должина на тенки кришки, околу 5 мм дебели. намачкајте ги кришките со малку маслиново масло од двете страни, наредете ги во тавче во еден слој и печете ги во рерна 10тина минути, додека не омекнат во средината и не почнат да се заруменуваат. потоа наредете ги во тањир.

помешајте ги оцетот, соја сосот, лукчето, ориганото, солта и биберот и потоа, цело време мешајќи, полека сипете го маслиновото масло.

ставете ги наутот, исечените пиперки, сирењето исечено или здробено и маслинките во еден сад и прелијте ги со “dressing”-от и сето тоа истурете го врз модрите патлиџани.