All posts in “ореви”

Carrot walnut raisin bread | Sitno seckano

Леб со моркови, ореви и суво грозје / Carrot juice bread with walnuts and raisins

машината за леб ја купивме пред точно една година. прво се противев, мислев ќе зафаќа место, а нема да ја користиме. мислев дека можат да се прават само два – три различни рецепти за леб и тоа ми изгледаше досадно. слушав дека мора строго да се придржуваш до рецептите кои доаѓаат со неа, ама прилично брзо почнав да не се придржувам до нив. менувам разни брашна, додавам разни семиња и зрна. сол помалку, шеќер воопшто не ставам, а ни млеко во прав. некогаш додавам некој зачин, лут буковец или суво нане, оригано. наместо вода, ставам кефир, или течноста што останува кога ќе се процеди кефирот. или сварена пченица, пире од цвекло…

Continue Reading…

Brownie walnut pie | Sitno seckano

Брауни пита / Brownie pie

брауни пита ми е во план за правење со месеци. јадевме една купечка на минатиот роденден на мартин и од тогаш ја чекам да дојде на ред. многу е вкусна, реакцијата на сите што ја пробаа уште на првиот залак беше “ммммммм”.

Continue Reading…

Fruit & Nut Bread Crackers | Sitno seckano

Овошни крекери / Fruit bread crackers

знам дека за повеќето рецепти викам дека лесно се прават. тоа е една од работите што ми е мене важна, сакам да правам лесни рецепти, ретко се нафаќам на нешто комплицирано. а понекогаш не толку лесниот рецепт го менувам да биде лесен.

Continue Reading…

Crisp apple tart / Sitno seckano

Крцкава пита со јаболка / Crispy filo apple pie

наидов на интересен рецепт за пита со готови кори, начинот на правење полесен не може да биде, а бидејќи веќе имав полупотрошено пакување кори со хеља во фрижидер, решив веднаш да ја пробам. во мојава верзија има јаболка и помеѓу корите, а мислам дека може да се направи и во солена варијанта.

Continue Reading…

apricot plum black currant crisp

Крисп со кајсии, сливи и црни рибизли / Apricot plum black currant crisp

крисп или крамбл ни е омилено благо во лето. сите пролетни и летни овошја се одлични за крисп (јагоди, малини, вишни, кајсии, праски, сливи… освен дињи и лубеници), а на есен јаболка, круши, дуњи…

Continue Reading…

Ванилици / Vanilla cookies

не знам дали им треба претставување на ванилиците, верувам дека сите ги знаете. баба ми често ги правеше, користејќи како калап мала чашка за ракија. го немам нејзиниот рецепт, па затоа го следев овој, на ана од блогот prstohvat soli. нејзините изгледаат исто како оние на баба ми, и јас не сменив ништо во правењето и излегоа совршени.

Continue Reading…

Мафини со цреши / Cherry muffins

мислам дека нема многу што да се објаснува тука, меки ровки мафини полнети со цреши и посипани со шеќер и ореви. син ми мартин изјави дека овие се неговите втори омилени мафини (први се брауни мафините).

Continue Reading…

Гранола / Granola

за гранола веќе имаме зборувано, ама мислам дека не е на одмет да се спомне пак. во последно време често ја правам, во разни варијанти и комбинации, па еве една од нив, многу вкусна ако ја потопите во кефир или јогурт. можете да ѝ додадете сецкано јаболко, банана, крушка, или малку џем или некое слатко.

Continue Reading…

Колачи со лаванда и ореви / Lavеnder walnut scones

можеби лаванда во јадење звучи чудно, ама ако не ставите премногу, лавандата додава многу интересен мирис и вкус. јас лавандата ја собрав од еден двор. собрав 3 – 4 гранчиња, ги ставив во тегла и ги оставив непоклопени околу 2 недели да се исушат. во колачиве потрошив само пола, па можно е наскоро да направам некој сладолед со лаванда, или некоја пита. ако наидете негде на расцветана лаванда, соберете неколку гранчиња и пробајте еден нов вкус.

Continue Reading…

Новогодишни подароци (2 дел) / Christmas gifts (Part 2)

има уште два-три дена до нова година, доволно за подготовка на последните подароци, како што се овие два слатки подарока. брзо и лесно се прават, а уште побрзо се грицкаат.

Бискоти со смокви и ореви / Fig and walnut biscotti

 бискоти се вкусни, мирисни, двојно печени колачи. нешто како двопек, ама многу подобро. совршени за потопување во чај, млеко или кафе. додека го пишувам ова се мислам кога да ги направам пак, можеби некоја чоколадна варијанта.

Continue Reading…

Крушки на пареа со сладолед од анасон, карамелизирани ореви и батерскоч сос / Steamed pears with fennel ice cream, caramelized walnuts and butterscotch sauce

Scroll down for the recipe in English

време е за рецепт на пареа. насловот е навистина долг, ама подготовката на сето тоа навистина брза и лесна. овој пат решивме да направиме овошје на пареа. идејата ми дојде од готвачот на еlectrolux, successful steam cooking. само јас отидов и подалеку: ги искомбинирав крушките со сладолед од анасон, карамелизирани ореви и батерскоч сос и сите вкусови убаво се вклопија.
на крушките не им додадов ништо додека се готвеа на пареа, а нивниот сопствен вкус стана многу поинтензивен. ама да почнам од сладоледот, прво него треба да го направите, неколку саата или еден ден пред да ги послужувате крушките.

сладолед од анасон
сладоледов е ненормално вкусен. до скоро не ни знаев дека може да се направи сладолед од анасон, а сега ми е омилен вкус на сладолед за ова лето. откако ги направив мафините со урда и анасон и видов дека анасонот е уствари вкусен во благи работи, сладоледов ми дојде како логично продолжение. наидов на повеќе рецепти за сладолед од анасон, ама сепак го направив сладоледот според мојот рецепт и му додадов анасон.

2 лажички анасон, малку истолчен
1 шлаг
2 јајца
3 лажици шеќер
150 ml ладно млеко

анасонот ставете го во 50 ml млеко, зовријте го млекото, тргнете го од шпорет и оставете го покриено 30 минути. за тоа време шлагот изматете го со 100 ml ладно млеко во една вангла. во друга изматете 2 белки, додајте 3 лажици шеќер и двете жолчки, а потоа и шлагот. на крај додадете го и млекото исцедено од зрнцата анасон.
сладоледот ставете го во пластична кутија и во замрзнувач.

карамелизирани ореви
ги додадов за да дадат малку крцкавост на целата комбинација.
ставете 1/3 шоља шеќер во едно поголемо тенџере и ставете го тенџерето на среден оган, шеќерот да се стопи, без мешање. кога целиот шеќер ќе се стопи, посипете го со малку цимет и додадете 100 gr исчистени ореви, искршени на крупни парчиња. промешајте убаво, сите ореви да се прекријат со карамел и тргнете го тенџерето од шпорет. истурете ги оревите на послужавник или големо тавче, раздвојте ги, и почекајте да се стврднат. претпоставувам дека добра идеја би било да се истурат на алуминиумска фолија или целофан, за полесно да се одлепуваат. можете да ги чувате во тегла недела – две.

батерскоч сос
4 лажици путер
1/2 шоља темно кафеав шеќер
1/2 шоља хопла
1/4 лажиче сол
1 кесичка ванилин шеќер

стопете го путерот на среден оган, додадете го кафеавиот шеќер, промешајте убаво, додајте ја хоплата, малку сол и ванилата. мешајте околу 5 минути, па пробајте. ако сакате може да додадете уште сол.
овој сос има многу интересен вкус. сличен на овие бомбони. можете да го чувате 2 недели во тегла во фрижидер. во фрижидер се стврднува, ако сакате да биде течен ставете ја теглата за кратко во топла вода.

крушки на пареа
дојдовме и до крушките. земете зрели, но цврсти крушки и само излупете ги, исечете ги на половина, извадете им ги семките и ставете ги 5-6 минути на решетка врз вода што врие (со капак), или додека малку не омекнат.

потоа ставете по две половинки крушка во секое тањирче (употребете некои подлабоки тањирчиња, јас згрешив со плитките, моравме да го бркаме сладоледот наоколу). посипете ги крушките со карамелизирани ореви, ставете по една топка сладолед од страна и сето тоа прелијте го со батерскоч сосот. милина.

i know the title is long, but everything is so easy to make. the idea for the steamed pears came from the еlectrolux’s cookbook successful steam cooking, but i added a few things: fennel ice cream, caramelized walnuts and butterscotch sauce and everything came together nicely.
i steamed the pears without any added sugar or spices and their own flavour intensified. but, let’s start with the ice cream, since that’s what you need to make first, a few hours or a day before you serve the pears.

fennel ice cream
this ice cream is so unusual and so sweet and tasty. until recentrly i didn’t even know about fennel ice cream but know it’s my favourite flavour for ice cream this summer. when i made the ricotta and fennel muffins i really liked the sweetness that fennel adds so i wanted to try this ice cream. i found a few recipes for fennel ice cream, but i decided to use my ice cream recipe, since it’s very good and very adaptable.

2 teaspoons fennel seeds, crushed
1 cup cream
2 eggs
3 tablespoonssugar
150 ml cold milk

put the fennel in a small saucepan with 50 ml milk, bring to boil. remove from the heat, cover, and let steep for about 30 minutes. beat the cream in one bowl, in another beat the two eggwhites, add sugar, eggyolks, cream and the milk strained from the fennel seeds. put the ice cream in a plastic box and in the freezer for a few hours.

caramelized walnuts
these add some crispness to the whole combination.
put 1/3 cup sugar in a heavy saucepan on a medium heat, let the sugar melt, without stirring, then add a pinch of cinnamon and 100 gr walnuts. stirr, making sure every piece of walnut is covered in caramel then pour them on a cookie sheet. devide the pieces with a fork. the caramelized walnuts can be kept in a jar for a couple of weeks.

butterscoth sauce
4 tablespoons butter
1/2 cup dark brown sugar
1/2 cup cream
1/4 teaspoon salt
1 sachet vanilla sugar

melt butter on a medium heat, add brown sugar, stirr, add cream, salt and vanilla. cook stirring for 5 minutes, then taste carefully (not to burn your tongue) and add more salt if needed.
this sauce can be kept in a jar in the fridge for a couple of weeks. it will harden when cold, so put the jar in a bowl of hot water to melt it.

steamed peаrs
and finally, the pears. take ripe, but firm pears. peel them, cut in half, scoop the seeds and put them on a grid over boiling water, cover and steam for 5-6 minutes, or until they soften a little.

put two pear halves on a plate (don’t use flat plates like i did, you don’t want to chase the ice cream around), put some caramelized walnuts over the pears, a scoop of fennel ice cream beside them and drizzle some butterscoth sauce over everything. take a bit, close your eyes and enjoy.