All posts in “праски”

Chocolate mug cake & peach crumble | Sitno seckano

Благо во шоља / Mug cakes

не знам за вас, ама кај нас дома понекогаш е паника за благо. затоа рецепти за вакви десерти, кои се прават за неколку минути, е добро да се имаат при рака.

Continue Reading…

Peach kefir ice cream | Sitno seckano

Сладолед од праски / Peach ice cream

варијанта на сладоледот со јогурт, овој е направен со процеден домашен кефир.

Continue Reading…

Peach red currant cake | Sitno seckano

Колаче со праски / Peach cake

често во лето го правам ова колаче со праски. едноставно е, а вкусно. овој пат решив да ставам и рибизли кои ги имав во замрзнувачот, мислејќи дека ќе изгледаат убаво кога ќе се испечат на површината. рибизлите пропаднаа во тестото, ама сепак, колачето е интересно со праски и со рибизли. пробајте го на двата начина, со и без рибизли, или со некое друго летно овошје.

Continue Reading…

Колаче со свежо овошје / Fresh fruit cake

 

еве едно лесно колаче со овошје. рецептот го начекав на design sponge, а е од една дизајнерка на текстил и илустраторка чија работа ми се допаѓа, лена корвин.

колачево ептен лесно се прави, а може да се стави и друго овошје, како јаболки, сливи, боровинки, што ќе ви се најде при рака. јас имав праски и капини.

1/4 путер
рендана кора од еден лимон
1 шоља брашно
2 јајца
3/4 шоља шеќер
1 лажица кафеав шеќер
1 кесичка ванилин шеќер
1 кесичка прашок за пециво
2 шољи сецкано овошје
1/4 лажичка цимет

изматете ги путерот и шеќерот, додадете ги кората од лимон, јајцата и ванилата, па брашното и прашокот за пециво. јас сите работи ги мешав со 2 вилушки. сипете го тестото во подмачкано тавче со пречник од околу 20 cm, наредете го овошјето врз тестото и посипете го овошјето со кафеавиот шеќер и циметот. печете го колачето на 180°C околу пола саат или додека тестото не се испече.
this is an easy fresh fruit cake i found on design sponge. it’s from  lena corwin, a textile designer and illustrator, whose work i admire.it’a a very easy cake to make and you can use different fruits, like peaches, nectarines, plums, and berries. i used peaches and blackberries.1/4 cup (1/2 stick) butter
grated zest of one lemon
1 cup flour
2 eggs
3/4 cup sugar
1 tablespoon brown sugar
1 teaspoon vanilla
1 1/2 teaspoon baking powder
2 cups diced fruit
1/4 teaspoon cinnamon

cream the butter and the sugar (i do this by hand using two forks). add the grated lemon zest. add the eggs, and vanilla, stirring each to combine. then add the flour and baking powder. pour the batter into a greased 8″ pan. top with the fruit. combine the brown sugar and cinnamon, and sprinkle the mixture on top of the fruit. bake for 30 minutes 180°C, or until the top is browned.

Peach Cobbler

Oд сите рецепти за десерти во светот, моите најомилени се сите американски. Не затоа што ретко кога не се исклучително вкусни (што не би било вкусно со цел путер и пола кило шеќер – ама ајде), туку затоа што се исклучително едноставни.
Oва е мојот втор, успешен обид со овошното колаче cobbler. Може да употребите скоро било кое овошје, боровинки, јагоди, праски, малини, или мешавина од овошја …
1 2/3 шољи брашно
3 1/2 лажици шеќер
1 лажица + пола лажиче прашок за печење
2 жолчки од варени јајца (јас ставив една бидејќи мразам варени јајца)
пола путер
2/3 шоља хопла
за овошјето:
6 праски – моите беа мешавина од зрели и полу-зрели
3 лажици јаворов сируп или мед, или шеќер
малку мушкатно оревче и малку цимет
Измешајте ги сите состојки за тестото, прво со вилушка па потоа со рака. Излупете ги праските. Јас ги полив моите праски со жешка вода, па потоа ги ставив во ладна неколку минути. Пола од праските лесно се излупија поради жешката вода, пола не.
Исечете ги праските на мали парчиња и измешајте ги со циметот, оревчето и сирупот. Од тестото направете 6 (или ако тавчето ви е поголемо – 8 ) топки и ставете ги врз овошјето. Намачкајте го тестото со една лажица хопла. Печете го во рерна загрена на 180 степени околу 40 – 45 минути. И јадете го со сладолед од ванила, или пудинг или шлаг.
Маја

Fruit crumble



за тестото:
225 g брашно (може во тие 225 g да има разни брашна, дел да бидат мелени ораси, лешници или бадеми, може да се стави мелен ѓумбир, овесни снегулки… јас ставив обично брашно + малку мелени бисквити + околу 40 g кокосово брашно + топчиња од карамела)
115 g путер, ладен
90 g шеќер

за овошјето:
455 g овошје (јас ставив само праски, ама може да се стави и некое друго обошје или комбинација овошја, смокви, јаболки, капини, кајсии, рибизли, сливи, малини, круши, портокал, суво грозје, карамелизиран ѓумбир, бадеми…)
3 лажици шеќер (или мед)
некој зачин (може да се стави или не, јас ставив едно лажиче пимент)

брашното (и другите брашнести состојки, ако се ставаат) се меша со шеќерот и путерот, со раце, да се добие нешто како трошки.
овошјето, измиено и исчистено (јас ги оставив лушпите на праските, беа вкусни) се сецка ако е покрупно и се става во тавче, се посипува со шеќер, па со трошките и се пече на 200°C околу пола саат.