All posts in “спанаќ”

Spinach cornbread | Sitno seckano

Проја со спанаќ / Spinach cornbread

погача со пченкарно брашно со спанаќ е еден од нашите први рецепти, објавен во април 2009. заслужува да биде обновен, затоа што е толку лесен и вкусен, а особено што се погоди да имаме производи од “наша фарма“: пченкарно брашно мелено на камен, свеж спанаќ и селски јајца.

Continue Reading…

Spinach egg pizza | Sitno seckano

Пица со спанаќ / Spinach pizza

со денови ја мислев оваа пица, со јајце. ме потсеќа на пицата “скопје” од онаа пицерија каде што имаше многу убави панцероти, во гтц. тестото е оноа брзо тесто, што се прави за десетина минути, а спанаќот едноставно зготвен, со брз бешамел сос и лукче.

Continue Reading…

Savory oat breakfast with fried egg, sauted spinach and roasted zucchini and peppers | Sitno Seckano

Солен овесен појадок / Savory oat breakfast

ова не е ни рецепт. ова се само идеи за еден солен појадок со една состојка која најчесто ја јадеме во блага варијанта. само мене сé почесто ми треба солен појадок. се разбира, некоја крофна, чоколадна кифла или гранола со мед би биле совршени со првото (или второто) кафе, ама сé почесто ги гледам како десерт после солениот дел. затоа ваква некоја комбинација многу ми се допаѓа.

Continue Reading…

Пилешко чили со зелен грав / Mung bean chicken chilli

дали готвите разни типови грав? јас обично имам дома неколку типови грав и често варам големо тенџере од некој од нив и потоа го користам гравот во разни рецепти следните денови. разни салати, или манџи, супи, ќофтиња, сосови, фил за бурита и енчилади

Continue Reading…

Булгур со спанаќ / Spinach with bulgur

ова јадење го направив за сите оние кои постат периодов. беше многу вкусно, a зготвено е без масло, што беше многу лесно да се направи во керамичко тенџере кое не се лепи, ама мислам дека кромидот може да се зготви во било какво тенџере без масло, со додавање малку вода.

Continue Reading…

Пита со домати и песто од спанаќ / Tomato and spinach pesto pie

одлична пита. за комбинацијата од домати и песто не морам ни да спомнувам колку е добра, како створени се еден за друг. пестото го направив со спанаќ наместо босилок и бадеми наместо пињоли. и многу лукче. тестото е феноменално. многу ми беше вкусно, таман толку меко и толку крцкаво колку што сакам. ќе пробам да го искористам и за други пити, со друг солен или благ фил.

Continue Reading…

Пита од просо со спанаќ

денеска немам ништо зготвено за вас. а сепак имам еден интересен рецепт.
денеска сакам да ви ја претставам оља и нејзиниот блог … ja u kuhinji… кој многу често го посетувам и наоѓам инспирација за готвење. блогот е преполн со интересни и вкусни рецепти, а од сликите и видеата нема шанси да не ви се пријаде.
многу ни е драго дека оља прифати да гостува на нашиот сајт со оваа пита која и ние едвај чекаме да ја пробаме, а за да ја задржиме автентичноста рецептот го пренесуваме во оригинал.

Салата од грав и спанаќ / Spinach bean salad

многу сакам салата од грав. онаква обична, сварен грав, исецкан кромид, сол, бибер, оцет, масло. ама зошто на тоа да не се додаде уште нешто? некогаш свежа рукола, а некогаш спанаќ, некогаш лукче наместо кромидот. салатава е толку вкусна, што долго ќе ви остане во сеќавање.

Continue Reading…

Лепче со спанаќ и сирење / Spinach and feta bread

можеби изгледа вонземјански дека зелено, ама лепчево е многу меко и вкусно.

Затворени пици со спанаќ / Spinach calzones

ок, доста беа варени јајца. мислам дека сите изедовме доволно.
еве еден рецепт за затворени пици со спанаќ, прилагоден од овде, а рецептот за тестото земен од овде. беа многу, многу вкусни. малку подолго се прават, поради чекањето тестото да нарасне, па затоа решив да ги правам во викенд и беа готови точно за ручек.

за 3 затворени пици:
фил:
1 шоља урда
1 шоља рендан кашкавал
1/2 kg спанаќ, измиен, исчистен и грубо исечен
црн бибер
1 лажица хопла
6 парчиња сланина

тесто:
1 кесичка сув квасец
1/2 шоља топла вода
1 1/2 шоља брашно (имајте при рака уште 1/4 шоља брашно, во случај да треба да му додадете на тестото)
1 јајце
1 лажица маслиново масло
1 1/2 лажичка сол

помешајте го квасецот со топлата вода и оставете го да отстои 5 минути.
ставете го брашното во поголем сад и додадете му го квасецот, јајцето, маслиновото масло и солта и сето тоа промешајте го, прво со вилушка, па со рака, додека не се оформи меко тесто.
пренесете го тестото на побрашнета маса и месете го полека. ако се лепи многу, додадете малку брашно додека не стане мазно. месете полека околу 3-5 минути.
намачкајте си ги рацете со зејтин и премачкајте ја топката тесто, па ставете ја во сад исто така премачкан со зејтин. покријте го садот со кеса, па оставете го на топло тестото да нарасне дупло, околу еден саат или нешто повеќе.

во меѓувреме, додека тестото расте, помешајте ги урдата, кашкавалот, спанаќот, хоплата и малку црн бибер.
поделете го тестото на 3 дела (јас направив 3 затворени пици бидејќи бевме тројца, и по една ваква пица ни беше доволна за ручек). развлечете го секој дел на побрашнета маса во круг со пречник од околу 20 cm. на едната половина од кругот ставете по две парчиња сланина, па третина од филот со спанаќ. свиткајте ја другата половина од кругот и притиснете ги краевите да се залепат, па премачкајте ги со зејтин. ставете ги врз хартија за печење или фолија во најголемото тавче од рерната и печете ги во загреана рерна на 200°C од 12 до 15 минути.

for 3 calzones:

filling:
1 cup ricotta
1 cup grated cheese
1/2 kg spinach, washed and roughly choped
black pepper
1 tablespoon cream
6 slices bacon

pizza dough:
1 package active dry yeast
1/2 cup warm water
1 1/2 all-purpose flour (set aside another 1/4 cup in case you need to work in a bit more)
1 egg
1 tablespoon olive oil
1 1/2 teaspoon salt

Stir together yeast and warm water in a small bowl and let stand about 5 minutes.
Put 1 1/2 cups flour in a large bowl, then make a well in center and add yeast mixture, the egg, oil and salt and mix first with a fork and then with your hand, gradually incorporating flour until a soft dough forms. Transfer dough to a floured surface and knead slowly. If you need additional flour, you have set aside your 1/4 and may add to dough, as necessary, until the dough is smooth, around 3-5 minutes. Oil your hands and coat the ball of dough you have now created. Transfer dough to an oiled bowl and cover with plastic wrap, letting it rise in a draft-free place at warm room temperature until doubled, 1 to 1 1/2 hours.

meanwhile, in a large bowl, combine the ricotta, cheese, spinach, cream and pepper.
divide the dough into 3 equal portions and roll and stretch them into 20 cm rounds. layer the bacon on one side of each round of dough and top with the spinach mixture. fold the dough over the filling and pinch the edges to seal. brush the tops of the calzones with oil. transfer to a parchment-lined baking sheet and bake in a preheated oven at 200°C until golden, 12 to 15 minutes.

Зелено чудо фрапе …… Green monster

Ние во холандскиот штаб на Ситно Сецкано многу сакаме да јадеме кременадли, кобасици, ќофтиња, и разни други вкусни нешта, ама повремено се трудиме да јадеме и понешто здраво, за да можат фамерките сеуште да не соберат….
Ова е едно од тие поздрави рецепти (а истовремено и посен рецепт). Идејата ја добив од тука. Ова фрапе воопшто нема вкус на спанаќ и после него ќе се чувствувате освежени и препородени. Јас го пијам наместо појадок, а понекогаш наместо вечера. Иако оргиналното име на фрапево на англиски е Зелено чудовиште, јас решив да го наречам Зелено чудо, поради сите здрави и добри нешта во него.
1 банана
3-4 шаки свеж измиен спанаќ
пола чаша ладно соино млеко (или обично) – може да додате и цела чаша, ама пола е демек подиетално
1 лажица ленено семе
пола лажиче путер од кикирики (или 2-3 оревчиња или бадеми)
Изблендирајте ги сите состојки во блендер, или како јас, изблендирајте ги во бокал со мал рачен блендер дур не добиетe фрапе без грутки. Ако фрапето е многу густо, додајте 2 -4 лажици вода.
At the Dutch HQ of Sitno Seckano, we love eating porkchops, meatballs, sausages and other tasty things, but from time to time we also try to eat something green and healthy. I got the idea here. This delicious sweet smoothie does not taste like spinach one bit. And it’s vegan ! I drink it in place of breakfast and sometimes in place of dinner.
1 banana
3 -4 handfulls washed fresh spinach
half cup soy milk (or regular) – or you can put in up to a cup of soy or regular milk – but then it has more calories
1 tablespoon flax seeds
half teaspoon peanut butter (or 2-3 walnuts or almonds)
Blend everything until smooth, add couple of tablespoons water if too thick. Enjoy and feel healthy !