All posts in “таан”

Beetroot hummus | Sitno seckano

Хумус од цвекло / Beetroot hummus

решив да го почнам месецов со рецепт, ама не ми успеа. после кратка пауза од пишување рецепти се најдов пред дилема кој следен рецепт да го објавам, кој ден во неделата е најпогоден за тоа и слично, па поминуваа денови, мене ми беше сѐ потешко да најдам време да седнам на компјутер и паузата прилично се продолжи. затоа, да не одлагам повеќе, еве еден краток рецепт, брзо се прави и брзо јаде, а е толку вкусен, особено со чипсот, па пробајте да не ја изедете целата количина одеднаш.

Continue Reading…

Chocolate halva sweet bread | Sitno seckano

Милиброд со алва и чоколадо / Halva chocolate sweet bread

имавме некоја алва, која никако да ја изедеме, па решив да ја ставам во милиброд. секако мора да има и чоколадо за рамнотежа во вкусот, таан и мед за филот да биде кремаст, а тестото е како милибродот со суво грозје, само плетенките се увиени од два дела.

Continue Reading…

fruit and nuts energy bites / sitno seckano

Енергетски бомбици / Energy bites

пред некое време почнав да ги правам овие топчиња за секое качување на планина и секогаш се добро примени. ги правам колку залче, и таман се, ме живнуваат, ама не само на планина или после трчање, туку и после работа или во било кое друго време кога ми фали малку енергија.

Continue Reading…

Чоколадна гранола / Chocolate granola

јас ретко појадувам и обично е тоа прилично касно, а гранола со јогурт ми е омилен појадок. сега првпат ја направив чоколадна. рецептот е прилагоден од тука.

Continue Reading…

Чоколаден тарт со таан / Chocolate tahini tart

ќе си помислите “ах, уште еден чоколаден тарт”, по оној со тесто од бадеми и оној со сируп од калинка, ама не, не сме завршиле со чоколадните тартови. овој е со таан и можам да ви потврдам дека чоколадо и таан е одлична комбинација. тестото е малку поразлично, има и јајце, а количината е доволна за два тарта, па половина може да замрзнете за другпат, бидејќи со наведените состојки за филот се добива доволно фил за еден тарт.

Continue Reading…