All posts in “јогурт”

Spinach cornbread | Sitno seckano

Проја со спанаќ / Spinach cornbread

погача со пченкарно брашно со спанаќ е еден од нашите први рецепти, објавен во април 2009. заслужува да биде обновен, затоа што е толку лесен и вкусен, а особено што се погоди да имаме производи од “наша фарма“: пченкарно брашно мелено на камен, свеж спанаќ и селски јајца.

Continue Reading…

Новогодишни подароци / Homemade holiday gifts

како и секоја година, и оваа ви предлагаме неколку вкусни подароци кои би можеле да ги подготвите сами дома за своите блиски и пријатели, а и идеи за нивно уживање.

Continue Reading…

Пилешко виндалу и наан лепчиња / Chicken vindaloo with naan

времево можеби е претопло за готвење и јадење вака луто и зачинето јадење, ама кога ќе ми се пријаде нешто индиско, тешко дека било што ќе ме расколеба, па ни топлото време.

Continue Reading…

Банана мафини со кафе / Banana coffee muffins

ако ви се допаѓа вкусот на банана во колачи и малку арома на кафе во благи работи, овие мафини сигурно ќе ви се допаднат.

Continue Reading…

Салата од тиквици / Zucchini salad

да продолжиме со печените зеленчуци. оваа салата мајка ми често ја прави со пржени тиквици и кисело млеко и јас порано не ја сакав, повеќе ги сакав тиквиците со лукче, магдонос и оцет, ама изгледа со тек на време вкусот на човек му се менува. сега оваа салата ми е поубава.

Continue Reading…

Салата од тучница / Purslane salad

ова растение purslane (portulaca oleracea), кое не знам како се вика на македонски, секое лето се појавува во моите саксии и расте како лудо. порано го корнев. еднаш го оставив да видам дали ќе има убави цветчиња, ама некако слабо цвета и продолжив да го корнам. сé додека не почнав да наидувам на текстови на интернет каде што пишува дека ова растение е многу здраво за јадење. наидов и на рецепти. и решив да го оставам да порасне и да го пробам. рецептот за оваа салатичка е од овде. многу е вкусна. растението е малку како зелена салата, малку како блитва, малку киселко.

Continue Reading…

Чорба од јогурт / Yogurt soup / Yayla Çorbası

маја има еден турски готвач кој е останат кај мене, и во него има еден куп интересни вистински турски рецепти. за жал, јас во последно време многу повеќе готвам по рецепти од разни блогови на интернет, а сé поретко ги отварам готвачите кои ги имам дома. е, за оваа чорба на која наидов овде, го отворив турскиот готвач за споредба и ги искомбинирав двата рецепта.

Continue Reading…

Сладолед од јагоди и јогурт / Strawberry yogurt ice cream

наједноставниот сладолед што можете да го направите со овошје. мислам дека бев шесто или седмо одделение, кога баба ми ми го откри рецептот за овој овошно-јогуртен сладолед и од тогаш го правам секое лето со разни овошја. банани, праски, диња, цреши, вишни, круши… ама мислам дека со јагоди е највкусен.

Continue Reading…

Fruit smoothie




1/2 шоља боровинки
1/2 шоља јагоди
1/2 шоља малини
1 праска
1 шоља ванила јогурт
1 шоља млеко

измешајте сè во блендер, сипете во голема чаша и уживајте. од наведените количини се добиваат 3 големи чаши смути.
можете да експериментирате со разни комбинации на овошја, дури и замрзнати, може да се стави само јогурт или само млеко, а добро е и со сладолед. некогаш е потребно да се додаде шеќер или мед, ако користите обичен јогурт, не ванилест, или ако овошјето е кисело (вишна на пример).