All posts in “кобасици”

Scallion Pie

Пита со младо кромитче / Scallion pie

ммм, младо кромитче. толку вкусно, толку потсетува на пролет, и толку лесно применливо во разни рецепти. едно од моите омилени јадења е кајгана со младо кромитче, а многу е вкусно и во рестован компир, особено зелените делови.

Continue Reading…

Пченкарно лепче со жалфија / Sage cornbread

лепче створено за љубетелите на пченкарните погачи, со изразен вкус од пченкарното брашно и палентата и зачинето со свежи ливчиња жалфија. парченцата колбас внатре се само уште еден плус на вкусот.

Continue Reading…

Мусака со кобасици

 

ова јадење и не е баш мусака. оригиналното име е Rosti-topped sausage pie, од списанието Bella, ама некако не ми идеше да го крстам пита. како и да се вика, вкусно е, а состојките можат и да се менуваат според тоа што сакате да јадете или што имате на располагање.

(за 4рица, ја би рекла не многу гладни, или 3јца гладни)

700 gr компири, излупени и исечени на пола
5 кобасици, исечени на тркалца
2-3 моркова, исечени на тркалца
2 пиперки, исечени на коцки
1 кромид, исечен на кришки
1 шоља наут, стоен преку ноќ во вода
300 ml сос од патлиџани
100 ml вода
1 лажичка црвен пипер (јас ставив лут)
суви ливчиња чубрица (издробени со прсти)
40 gr путер, стопен

полусварете ги компирите во солена вода. ставете ги кобасиците на малку зејтин да се запржат, додадете го кромидот, по 5-6 минути додадете ги пиперките и морковите и пржете ги неколку минути. додадете зејтин ако треба. исцедете го наутот и ставете го во тавчето со другиот зеленчук и кобасиците. ставете ги и сосот од патлиџани, водата и црвениот пипер. јас користев домашен сос од патлиџани кој беше прилично течен па ставив само малку вода. посипете го сето тоа со сол и бибер и префрлете го во тавче за печење од 1,7 l.
изрендајте ги компирите на крупно, помешајте ги со вилушка со чубрицата и путерот, ставете и сол и бибер и истурете ги врз зеленчукот и кобасиците. печете ја “мусаката” околу пола саат во загреана рерна на 200°C.