толку многу ги сакам овесните снегулки, што никако да ги објавам рецептиве. почнувам да пишувам, па се предомислувам, никако да ги најдам вистинските зборови да ги опишам и постојано одложувам. а поважно е да ви кажам дека овесните снегулки се многу вкусни, ептен лесно се подготвуваат и се комбинираат со сé и сешто, па сигурно ќе најдете нешто што ќе ви биде по мерка.
во последно време многу ни се битни јадења што брзо се прават. не мора кратко да се готват, важно подготовката да е кратка и брза, а сепак да се вкусни и недосадни. ова е едно такво.
сирењето манури е одлично во салати, со марула, спанаќ или рукола, со печено цвекло и јатки… ама бидејќи е несолено, добро оди со овошје за десерт. сега го направив со урми, на лето ќе го пробаме со свежо овошје, праски, сливи, смокви.
имавме некоја алва, која никако да ја изедеме, па решив да ја ставам во милиброд. секако мора да има и чоколадо за рамнотежа во вкусот, таан и мед за филот да биде кремаст, а тестото е како милибродот со суво грозје, само плетенките се увиени од два дела.
и сирење и рукола и суви домати и калинка и мед… само немаше место за сето тоа во насловот. изгледа како нафрлани работи, ама заедно си одговараат многу добро и сендвичот е ептен вкусен.
знам дека за повеќето рецепти викам дека лесно се прават. тоа е една од работите што ми е мене важна, сакам да правам лесни рецепти, ретко се нафаќам на нешто комплицирано. а понекогаш не толку лесниот рецепт го менувам да биде лесен.
пред некое време почнав да ги правам овие топчиња за секое качување на планина и секогаш се добро примени. ги правам колку залче, и таман се, ме живнуваат, ама не само на планина или после трчање, туку и после работа или во било кое друго време кога ми фали малку енергија.
овие слатки мали лапни-голтни колачиња важат за тешки за правење. и точно е, може да не излезат мазни и подигнати, ама тоа не е причина да не пробате да ги направите. а и да распукаат по површината, секако ќе бидат вкусни.
сосот од риба и сосот од остриги се неизбежни додатоци во тајландската кујна. јас овие два соса ги донесов од холандија, ризикувајќи усмрдување на целиот багаж, бидејќи, да не се лажеме, и двата имаат јак мирис на риба. мирисот со готвењето се губи, ама проблем е ако ви се скрши цело шише сос од риба во куфер.
веќе ги гледам овие сосови и по нашите продавници, па ако ги најдете пробајте го овој рецепт, месото е многу вкусно, многу брзо се подготвува, а може да се послужи како мезе за со пиво или како главно јадење со ориз, компири или друг додаток. само треба да се остави време за маринирање. ние го јадевме со зелка динстана во вино розе.
за гранола веќе имаме зборувано, ама мислам дека не е на одмет да се спомне пак. во последно време често ја правам, во разни варијанти и комбинации, па еве една од нив, многу вкусна ако ја потопите во кефир или јогурт. можете да ѝ додадете сецкано јаболко, банана, крушка, или малку џем или некое слатко.