All posts in “bacon”

hicken caesar sandwich | Sitno seckano

Цезар сендвич со домашни лепчиња / Caesar sandwich with homemade buns

цезар салата во облик на сендвич, одличен лесен ручек.

Continue Reading…

Наполнето лепче / Stuffed bread

ако сé уште имате варени јајца од велигден, еве идеја како да ги искористите на вкусен начин. секако, лепчето може да се наполни и со друг фил, како сте расположени.

Continue Reading…

Мафалета / Muffaletta

сендвичот мафалета не е единствената работа поради која би одела во њу орлеанс.

додека чекам да се створи прилика да отидам таму и да го пробам сендвичов во ресторанот во кој е измислен, решив да го направам дома. одличен е за носење на излет, ако одите некаде следниве денови.

Continue Reading…

Пилешка пита во грне / Chicken pot pie

ова јадење се вика пита во грне, иако воопшто не личи на пита. овде филот е направен од парчиња убаво сварено пилешко месо, печурки, сланинка и разни зеленчуци во вкусен густ сос, а тестото е како капак на сето тоа. сепак, мора да се согласите дека воопшто не е важно дали е тестото под или над филот, важно е дека ова јадење е многу вкусно.

Continue Reading…

Шакшука …… Shakshouka

 

ready 2

scroll down for the recipe in English

Можеби веќе сте приметиле дека многу сакам различни рецепти со јајца, за појадок, за ручек или за вечера. Ем се ефтини, ем се вкусни, брзо се готват и здрави се. Рецептов го адаптирав од различни места. Во оргиналната верзија не се става сланина, ама мислам дека во јадењево е совршен додадок. Ова беше многу многу вкусно. Обавезно ќе им го направам кога Бојана и Даниел ќе ни дојдат на гости.

pan onions

Рецептов е многу едноставен. Повеќе идеја отколку строги инструкции. Можете да го адаптирате на на што го имате дома: пиперки, шунка, кобасици…

за двајца:

1 кромид, исецкан

~ 50 гр. сланина, исецкана

3 лукчиња, ситно исецкани

2 лажици маслиново масло

2 конзерви домати или 6-7 свежи, зрели домати (ко за готвење) исецкани

4 јајца

свежо лепче и сирење

Во поголемо тавче ставете го зејтинот, кромидот, лукчето, и сланината. Испржете ги околу 5-6 мин, дур да омекнат. Додајте ги доматите и оставете ги да се зготват околу 15 мин. Додајте сол и бибер, и буковец ако сакате луто. Кога доматите ќе се стопат и ќе станат сос, на 4 места направете по малку простор, и таму скршете по едно јајце. Ако го следите рецептов ќе имате доволно сос за 6 јајца. Нас ни остана сос за следниот ден. Штом ќе ги ставите јајцата во тавчето со сосот, намалете ја температурата на најслабо и оставете ги да се зготват полека. Јас го покрив тавчето со фолија на неколку минути за да се зготват јајцата одозгора. Им требаше околу 8-10 мин. Јадете ги со лепче и сирење.

Погледнете го и овој рецепт од Бојана за јајца со компири, сланина, пиперки и кромид.

sauce

You may have noticed that I love various eggs recipes for breakfast and brunch. I adapted this recipe for shakshouka from many places, and obviously the original recipe does not include bacon. However, I thought it was an amazing addition in this dish. It was so tasty !

This is more of a loose idea, than a recipe. You could adapt it to anything you have at home; peppers, ham, sausage…

for 2 persons:

1 medium sized onion, chopped

about 2 oz. sliced chopped bacon (or 3-4 slices)

3 garlic cloves, finely chopped

2 tablespoons olive oil

2 cans chopped tomatoes with their juice or 6-7 fresh ripe tomatoes, chopped

4 eggs

fresh crusty bread and feta cheese to serve with

Sauté the onion, garlic, bacon in the oil for about 5 min. Add the tomatoes and cook for about 15 min, until the sauce forms. Season with salt and black pepper, and cayenne if you like it spicy. When the tomatoes are done, push them to the side in 4 spots, and break an egg in each one. Lower the temperature completely and let the eggs cook slowly, about 10 min. I covered the pan with foil in order to help the eggs along. We ate it with the bread and cheese and it was delicious. We had sauce left over, so really you would have enough sauce for 6 eggs, rather than 4. Enjoy !

Борачо грав …… Borracho beans

Еве уште еден рецепт со пиво. Ќе се изненадите колку е вкусно гравчево. Рецептот е по потекло мексикански, ама јас го направив со холандско темно пиво Амстел, исто како во рецептот за пилешки такос маринирани со пиво. Рецептот, т.е. инспирацијата ја најдов тука. Освен пивото, јас употребив и холандски грав. Тоа значи дека не мора да го следите рецептот збор до збор, употребете каков грав имате и какво пиво можете да најдете.
~ 500 гр. грав (оставен да стои во ладна вода околу 12 саата, а може и повеќе, мојот стоеше околу 20 саата)
1 кромид
3-4 лажици зејтин
100 гр. чадена сланина, ситно исецкана
1 конзерва домати или 5-6 свежи домати, исецкани
1 шише пиво (по можност темно)
сол, бибер, оригано, чили зачин
Ставете го зејтинот во поголемо тенџере и испржете ја сланината околу 2-3 минути, додајте го исецканиот кромид и пржете го уште 2 минути, додајте го исцедениот грав и веднаш додајте го пивото, доматите и доволно вода за течноста да биде околу 2 прста над гравот. Варете го гравот на тивко околу саат време (или два саата, во зависност од гравот и колку му треба да се свари). Јас забележав дека колку подолго го оставам гравот да седи во ладна вода, толку пократко се вари. Кога гравот ќе биде сварен, додајте сол, бибер, малку оригано и чили зачин. Со лажица изгмечете неколку зрна за да се згусне течноста. Ако гравот изгледа сув додека се вари додајте повеќе топла вода во тенџерето. Гравчево може да го јадете со разни додатоци: магдонос, свеж кориандер, павлака, малку сок од лимон, авокадо или малку рендан кашкавал. Уживајте !
Here is another recipe with beer. I found the inspiration and recipe here. Even those borracho beans are a mexican recipe, I used dark Amstel beer, the same as in the beer marinated chicken tacos and dutch brown beans. It’s easily adaptable to whatever beer or beans you can find. Make this recipe, you will be suprised how delicious they are.
~ 500 gr or a pound of dry beans (soaked in cold water for at least 12 hours, I soaked mine for abour 20 hours)
1 onion
3-4 tablespoons vegetable oil
100 gr. or 4 oz. smoked bacon, finely chopped
1 bottle of dark beer
1 can of tomatoes, or 5-6 fresh tomatoes, chopped
salt, pepper, oregano, chilli or cayenne pepper
Fry the bacon in the oil in a big pot for about 2-3 minutes, add the chopped onion and fry for another 2 minutes. Add the rinsed beans, the bottle of beer, the tomatoes and enough water to cover the beans by about an inch or inch and a half. Cook the bean gently for about an hour (or more if needed) until cooked, add the salt, pepper, oregano and cayenne and mash some of the beans with the back of a spoon. If your beans look dry while cooking, add more water. Serve the beans with parsley, cilantro, lime wedges, sour cream, avocado or some shredded cheese. They are delicious !

Тосканска супа со грав / Tuscan bean soup

ова е супер супа за во зима. со лепче може да помине како ручек или вечера.

2 лажици маслиново масло
1 кромид исечен на тенки кришки
3 лукчиња, смачкани
200 g сланина, на коцки
2 компира, на коцки
1 шоља сварен грав, може и друг вид, црвен или шарен
1-2 листа лорбер
оригано
магдонос

на загреано маслиново масло испржете ги на кратко (околу 5 минути) сите состојки до гравот. потоа додадете го гравот и околу 1 l од течноста во која се варел гравот (или течност во која се варела кокошка, или само вода), лорберот и ориганото. оставете ја супата да зоврие и варете ја уште 15 минути. потоа ставете сол, бибер и свеж магдонос, ако имате, јас немав.

this is a warming winter soup, eaten with crusty bread it is a meal in itself.

2 tablespoons olive oil
1 onion, cut in thin wedges
3 garlic cloves, crushed
200 g bacon or pancetta, cubed
2 potatoes, cubed
1 cup cannellini beans, or any other kind
1-2 bay leaf
oregano
parsley

fry the onion, garlic, bacon and potato in the heated olive oil for 5 minutes. add the beans, stock, bay leaf and oregano, bring to boil and simmer for 15 minutes. season with salt and pepper and add fresh parsley, if you have it.

Прокељ со сланина / Brussels sprouts with bacon

(scroll down for english version)
рецепт од тука, само јас ги изоставив презлите, и не ги мерев состојките, па не знам колку прокељ употребив, ни колку сланина. количините направете ги по ваш вкус.

маслиново масло и парче путер
прокељ, измиен и исчистен, покрупните исечени на пола
сланина исечена на коцки
помал кромид, ситно исецкан
неколку лукчиња, исецкани
околу 1/2 чаша балсамик оцет
свеж магдонос

загрејте ги маслиновото масло и путерот во тенџере и ставете го прокељот да се пржи, со сол и бибер, со често мешање додека не зарумени. ставете ги коцките сланина и пржете уште, со мешање, додека сланината не се испржи убаво. додадете ги кромидот и лукчето, и тие да се испржат. сипете балсамик оцет и една чаша вода и оставете го прокељот да се динста додека не омекне. ако треба додадете уште вода. посипете со сецкан магдонос откако ќе го тргнете тенџерето од шпорет.


extra virgin olive oil and unsalted butter
brussels sprouts, washed and trimmed
pancetta or bacon in small dice
minced shallots
minced garlic
1/2 cup balsamic vinegar
chopped parsley

heat butter and olive oil in a large skillet over medium-high heat and sauté brussels sprouts, with salt and pepper, tossing frequently, until lightly browned. add bacon and sauté, tossing frequently, until crisp. add shallots and garlic, and sauté 2 minutes more. add balsamic vinegar and 1 cup water and cook until sprouts are tender. add more water if needed. sprinkle with chopped parsley after you take the skillet off the heat.