All posts in “chia”

Seed crackers | Sitno seckano

Крекери од семки / Seed crackers

крекери се секогаш добредојдени кај нас дома, и јас постојано испробувам нови рецепти. овие со семки и зрнца толку брзо и лесно се прават, што можете да ги направите секогаш кога ќе ви се пријадат, а одлични се за грицкање со хумус или гвакамоли, доволно цврсти да фатат убава количина хумус, а сепак не тврди како шперплоча. и вкусни се. менувајте им ги зачините како сакате.

Continue Reading…

Raw buckwheat porridge with kefir, almonds, apples and blackberries | Sitno seckano

Каша од сурова хељда / Raw buckwheat porridge

за каша од сурова хељда не ви треба строг рецепт. откако ќе отстои во вода, изблендирајте ја со некоја течност (млеко, јогурт, кефир, растително млеко, сок…), зрна, семки, јаткасти плодови, свежо и/или замрзнато овошје, зачини (ванила, цимет…), нешто за заблажување (мед, суви овошја…). испробајте разни комбинации и видете што најмногу ви се допаѓа, а еве како ние ја јадевме за појадок пред некој ден.

Continue Reading…

fruit and nuts energy bites / sitno seckano

Енергетски бомбици / Energy bites

пред некое време почнав да ги правам овие топчиња за секое качување на планина и секогаш се добро примени. ги правам колку залче, и таман се, ме живнуваат, ама не само на планина или после трчање, туку и после работа или во било кое друго време кога ми фали малку енергија.

Continue Reading…

Крекери со тиква / Pumpkin crackers

да ја почнеме годината на ситно сецкано со вкусен и лесен рецепт за крекери со тиква, посипани со разни крцкави додатоци. вкусни се со гвакамоле, хумус, сос од грав или пинџур, а и сами.

Continue Reading…

Колачи со киноа / Quinoa cookies

веќе некое време и кај нас може да се најде киноа. ако не сте ја пробале до сега, направете го тоа. киноата многу лесно и брзо се готви, а може да се употреби наместо ориз, кус-кус, булгур или друга житарка. добро оди со печен зеленчук, месо и риба, може да се стави во супи и чорби или во салати, вкусна е и долго ќе ве држи сити. а овде ви ја предлагаме киноата како дел од вкусни колачи, кои се супер со ладно кафе или ладен чај.

Continue Reading…