знам дека е средина на лето и има секакви други овошја, ама ние без разлика на годишното време, секогаш имаме банани дома. и од време на време, некои од нив стојат доволно за да омекнат, па ги употребувам во колачи или смути или нешто, како овие наан лепчиња.
ни беше роденден и ни помина, а не успеавме како што треба да го “прославиме”. конечно, имаме торта вредна за оваа прилика, 9-ти роденден на ситно сецкано. не е класична торта во слоеви, не сум многу по таквите, освен чоколадната која ја правам скоро за секој роденден, ама во последно време овој куглоф ѝ го зазема местото. го правев со цреши, вишни и капини и сите варијанти се вкусни, ама со вишни е некако најсвежа.
понекогаш сакате брз десерт, без вклучување рерна, ниту микробранова. овој чизкејк во чаша се прави без печење, можете да направите само една или две чаши, а можете и да го дуплирате рецептот (или триплирате) и да подготвите повеќе чаши за повеќе луѓе.
секоја година пред да започне следната ви даваме идеи за зготвени новогодишни подароци. сега имаме рецепт за класични колачи со чоколатца, а покрај нив, ќе подготвиме теглички со мешавина за топло чоколадо и брза туршија за нашите блиски.
не знам за вас, ама кај нас дома понекогаш е паника за благо. затоа рецепти за вакви десерти, кои се прават за неколку минути, е добро да се имаат при рака.
мислам дека полесен сладолед до сега немам направено, освен можеби овошниот јогурт, а неверојатно вкусен. лани, на летување, често јадевме чоколаден сладолед со путер од кикирики, па сакав малце да го вратам летното чувство и сеќавањето на мирисот на море.
не знам дали има потреба да ги објаснувам овие ролни. меки, мирисни, како да поминувате покрај пекара, и полни со чоколадо. направете ги за појадок или вечера, секако добро ќе ви дојдат.
имавме некоја алва, која никако да ја изедеме, па решив да ја ставам во милиброд. секако мора да има и чоколадо за рамнотежа во вкусот, таан и мед за филот да биде кремаст, а тестото е како милибродот со суво грозје, само плетенките се увиени од два дела.
решив оваа година често да правам сладоледи. ова е првиот, го снема за еден ден. рецептот е на мајка ми и од него се добива најмазниот и најкремаст сладолед, а може да послужи како основа за многу вкусови. јас овде додадов семчиња од стапче ванила, за поизразен ванила вкус, и искршено темно чоколадо со бадеми и лешници.
брауни пита ми е во план за правење со месеци. јадевме една купечка на минатиот роденден на мартин и од тогаш ја чекам да дојде на ред. многу е вкусна, реакцијата на сите што ја пробаа уште на првиот залак беше “ммммммм”.
ова е едно од оние колачи кои лесно се прават во последен момент, кога ќе сфатите дека немате ништо благо, а гостите само што не дошле. или кога ви треба нешто чоколадно, за со кафето.
ситно сецкано наполни 7 години! и нас не ни се верува колку брзо помина ова време. изминатава година учествувавме на неколку интересни настани. направивме слатки мали тартчиња со маскарпоне и јагоди и солени со хумус за дегустацијата на “паратисима”. даниел го фотографираше, а јас зготвив кишови и мафини за еден од каталозите на “преплет”. учествувавме на првиот food talk macedonia! на матка. објавивме разновидни рецепти, од кои сакам да ги издвојам брауните со виолетов сладок компир, едноставниот колач со маскарпоне и макаронсите.