All posts in “coffee”

Chocolate cake | Sitno seckano

Роденденска чоколадна торта / Birthday chocolate cake

ситно сецкано наполни 7 години! и нас не ни се верува колку брзо помина ова време. изминатава година учествувавме на неколку интересни настани. направивме слатки мали тартчиња со маскарпоне и јагоди и солени со хумус за дегустацијата на “паратисима”. даниел го фотографираше, а јас зготвив кишови и мафини за еден од каталозите на “преплет”. учествувавме на првиот food talk macedonia! на матка. објавивме разновидни рецепти, од кои сакам да ги издвојам брауните со виолетов сладок компир, едноставниот колач со маскарпоне и макаронсите.

Continue Reading…

Банана мафини со кафе / Banana coffee muffins

ако ви се допаѓа вкусот на банана во колачи и малку арома на кафе во благи работи, овие мафини сигурно ќе ви се допаднат.

Continue Reading…

Свински врат и хармоника компири / Pulled pork and hasselback potatoes

долго динстано свинско на тивко е една од најдобрите работи кои ги прави мајка ми. јас со ова парче свински врат решив да направам нешто друго, инспирирана од многуте рецепти за свинско по интернет. во мешавината зачини има и кафе и шеќер, ама на крајот нема да приметите дека ги има, туку со нив месото добива убава зачинета коричка и е толку меко што се распаѓа само со вилушка. а компирите вака испечени ни се обавезен и омилен начин на готвење кога се млади, ама покрупни, не ситни.

Continue Reading…

Сладолед од кафе / Coffee ice cream

имав во план некои други вкусови сладолед да направам, ама кога го видов сладоледов од кафе, тој доби предност пред сите. многу е вкусен, мазен, кремаст и кафето убаво се осеќа. ова е еден од оние рецепти за кој треба да се употребат повеќе вангли и садови, ама вреди.

Continue Reading…

Бомбици од урми и какао / Date cocoa truffles

неверојатни бомбици од урми, зрна какао, лешници и зачини, кои ги правевме кога бев на гости кај биби. освен што имаат многу интересен вкус – благи се од урмите, а малку лутки од црвениот пипер – немаат никаков додаден шеќер, масло, јајца, млеко, вегански се и без глутен. на сето тоа и сирови.

Колачи со еспресо / Espresso cookies

секогаш е добро да се грицне некое колаче со кафето, а ако колачите имаат вкус на кафе – уште подобро, па уште и со парченца чоколадо… откако ја добивме машината за кафе dolce gusto, се “навлековме” на еспресо.

Continue Reading…

Ликер од кафе / Coffee liqueur

направив ликер. од кафе. тука има умешани и други работи, не е само кафето, ама ликерчето е баш супер. може да се пие, а може да се става и во колачи (или во сладолед).

Continue Reading…

Новогодишни подароци (2 дел) / Christmas gifts (Part 2)

има уште два-три дена до нова година, доволно за подготовка на последните подароци, како што се овие два слатки подарока. брзо и лесно се прават, а уште побрзо се грицкаат.

Ролат со кафе / Coffee roulade

да, имаме два колача со кафе едно по друго, ама мора да се согласите дека кафето во колачи добро оди. а овој ролат не е со било какво кафе, туку со espresso barista на dolce gusto.

Continue Reading…

Тирамису ….. Tiramisu

Еве уште еден од оние рецепти кои се големи хитови во мојот репертоар, а за кои досега не сум ви кажала. Мислам дека пред неколку години, ако требаше да правам десерт за гости или за да импресионирам некого, тогаш правев или чизкејк или тирамису. Потоа додека живеев во Сиера Леоне се фокусирав исклучително на chocolate chip cookies и колаче од банани. А сега во Холандија, повторно и се вратив на чизкејк, најмногу поради тоа што рерната ми е за никаде и најдобро пече на слаби ниски температури…

Continue Reading…

Chocolate cupcakes ………. Чоколадни капкејкс

mali peceni
aaah, valentine’s day … a fantastic excuse to eat chocolate and other delicious food…. Inspired by a recipe at smitten kitchen I decided to make these cute cupcake for myself, ahem, I mean, for my valentine. They are out of this world delicious. No flour in them so they melt in the mouth and are very, very easy to make.
for the whipping cream:
200 ml. cream (almost a cup)
50 gr. white chocolate
1 tablespoon Grand Marnier (or 1/8 teaspoon peppermint extract as in the original recipe)
for the cupcakes:
4 eggs, separated
6 tablespoons sugar, divided
170 gr. dark chocolate
85 gr. butter (6 tablespoons or 3/4 stick)
1/4 teaspoon instant coffee
Put the butter, chopped chocolate and instant coffee in a bowl over simmering water and let them melt. Stir every few minutes. Leave aside to cool. In a separate bowl, whisk egg whites with 3 tablespoons sugar until firm. In yet another bowl, with a hand mixer mix the yolks with 3 tablespoons sugar for about 2 minutes, until very pale and creamy. Slowly add the cooled chocolate mixture to the yolks and mix. Then in 3 separate steps, gently fold the egg whites into the chocolate mixture with a spatula. My egg whites were so stiff, the mixing went quite easily.
Line a muffin tin with paper cupcake holders (it’s essential to use them) and fill them with mixture 3/4 of the way. My silicone cupcake holders were smaller than the standard so the recipe yielded 10 cupcakes and 1 heart-shaped little cake. I suspect you will get between 10 – 12 regular sized cupcakes. Bake in a pre-heated oven (200 C degrees / 350 F) for about 20 minutes, until the top of the cakes is no longer wet. I baked mine 25 min, but my oven is weaker than most.
To make the cream, melt the white chocolate in a bowl set over another pot of simmering water. Let cool slightly, then add couple of tablespoons of the cream to it and mix. In a separate bowl, whip the cream to soft peaks, then while still whipping, drizzle the cooled white chocolate and a tablespoon of Grand Marnier (or Bailey’s). (I did this after the cream failed to whip while following the original recipe)
As soon as the puffed-up cupcakes come out of the oven, they will sink, creating space for the cream. Add a bit of the whipped cream on top and decorate. I sprinkled some pink sugar on top. Enjoy with someone you really like !
Имате план некого да импресионирате утре за Валентајнс? Рецептов е лесен, а резултатот импресивен. Еве, додека го куцам ова, трошки од колаченцава ми паѓаат на тастатура. Морав да ги пробам за да ви кажам дали се вкусни……
за капкејкс:
4 јајца, белките одделени од жолчките
6 лажици шеќер, на две места по 3 лажици
85 гр. путер
1/4 лажиче инстант кафе, на пр. Нескафе
170 гр. темно чоколадо (за готвење)
за кремот:
200 мл. хопла
50 гр. бело чоколадо
1 лажица ликер од портокали (Grand Marnier – ама не е неопходно)

Ставете го искршеното чоколадо, путерот и кафето во посуда, па ставете ја посудата врз тенџере со вода која скоро врие и оставете ги да се стопат. Измешајте ги од време на време. Тргнете ги настрана да се оладат. Во друга длабока посуда, со миксер изматете ги жолчките со 3 лажици шеќер дури не обелат и станат кремави. Во трета посуда, (бидете спремни дека ќе имате доста садови за миење … може некој ќе се понуди да помогне за едно од овие капкејкс?!), изматете ги со миксер белките со 3 лажици шеќер. Прво додадете го чоколадото на жолчките, измешајте со миксер, па потоа со лажица полека додајте ги белките, во три наврата, и не мешајте со миксер, туку со лажица.
Во тавче за мафини или капкејкс, ставете подлоги од хартија – без овие, капкејксот многу тешко ќе се вадат од тавчето. Наполнете ги со тесто, ама оставете околу 1 прст празно за да имаат простор да нараснат. Печете ги во загрена рерна на 200 Ц степени, околу 20 минути дури површината не изгледа сува. Јас моите ги печев 25 минути, ама мојата рерна е слаба. Од оваа количина направив 10 капкејкс и едно мало колаче во форма на срце. Мислам дека би добиле 12 капкејкс, ако користите само тавче за мафини.
За да го направите кремот, стопете го белото чоколадо, исто како опишано погоре, и оставете го да се излади. Додајде во него 2 лажици хопла. Со миксер изматете ја останатата хопла додека не добиете шлаг, и додека матите, полека додајте го стопеното чоколадо и ликерот.
Штом ќе ги извадите од рерна капкејсот, тие ќе спласнат и ќе се направи простор за кремот. Ставете врз нив малку крем, и украсете ги како сакате. Уживајте !