All posts in “lemon”

Ролни со лимон / Lemon rolls

овие меки и мирисни ролни и шоља кафе или чај се најдобриот начин да се започне денот.

Continue Reading…

Интегрален ориз со зеленчук и сирење халуми / Brown rice with vegetables and haloumi cheese

минатиот викенд имавме на гости една другарка од битола, елена, која остана неколку дена. во саботата елена ни направи многу убав ручек: интегрален ориз со многу зеленчуци, сирење халуми “на скара” и за десерт – интегрален ориз со урми. сé беше многу вкусно, особено додатокот од рендана кора од лимон, кој го направи оризот многу свеж.

Continue Reading…

Ладен зелен чај со ѓумбир и лимон / Green tea elixir with ginger and lemon

пред скоро 2 години направивме една лимонада со краставица и ѓумбир, наречена “бесна лимонада” од наши читатели кои ја пробале, која не можевме ни да претпоставиме дека ќе стане нашиот најпопуларен објавен рецепт. ладниот чај, кој ви го претставуваме денеска е сериозна конкуренција на лимонадата, неверојатно освежителен и со интересен киселко-сладок-лут вкус од лимонот и сирупите од калинка и ѓумбир.

Continue Reading…

Чатни од лимон / Lemon chutney

вкусот на лимон добро доаѓа како додаток во многу јадења. ако ги пробавте солените марокански лимони, знаете на што мислам. ова чатни е слично, може да се додаде во разни јадења, само има поразличен, интересен вкус затоа што лимоните се печени. ние го јадевме ставено врз ориз, во сендвичи, во салата од печено цвекло… врз парче домашно лепче со пиво намачкано со путер… намачкано на пилешки стекови кои потоа ги испржив во грил-тава. помешaно со компири и моркови за печење. додадено во спанаќ, запечен со јајца на око…

Continue Reading…

Новогодишни подароци (1 дел) / Christmas gifts (Part 1)

 како лани, така и оваа година смисливме некои работи кои можете да ги зготвите дома и да ги подарите некому за нова година.

Лимонада со краставица и ѓумбир / Sassy water

идејата за оваа лимонада е од еден сајт за здрава исхрана/вежбање/слабеење, каде што пишува дека оваа лимонада помага во одржувањето рамен стомак. не можам да тврдам ништо за рамниот стомак, ама тврдам дека пијалоков е многу освежителен, особено за топли денови како денес.*

Колач со лимон и вишни / Sour Cherry Lemon Bread

1/3 шоља омекнат путер
1 шоља шеќер
сок од еден лимон
2 јајца
1 1/2 шоља брашно
1 кесиче прашок за пециво
1/2 шоља млеко
2 лажици рендана кора од лимон
1 шоља вишни без семки, свежи или одмрзнати

изматете ги сите состојки освен вишните со миксер, додадете ги вишните и измешајте ги со тестото со лажица. сипете го тестото во подмачкано тавче 20 x 10 cm или во повеќе помали и печете го колачето во загреана рерна на 175°C околу 40 мин.

1/3 cup melted butter
1 cup sugar
1 lemon, juiced
2 eggs
1 1/2 cups flour
1 teaspoon baking powder
1/2 cup milk
2 tablespoond lemon zest
1 cup fresh or thawed sour cherries

Mix all the ingredients exept the sour cherries with an electric mixer, fold in the sour cherries. Pour into greased 20 x 10 cm loaf pan or a few smaller ones and bake at 175°C for about 40 minutes.