All posts in “rye flour”

Интегрални р’жани мафини со овошје / Whole rye fruit muffins

пред некое време си купивме соковник. не верував, ама многу добра справа е. секој ден смислуваме некоја нова комбинација од овошје и зеленчук. мојата омилена е јаболко, портокал, јагоди, морков и цвекло + некоја искршена коцка лед… нема подобро освежување.

само некако тешко ми паѓа да ја фрлам пулпата што останува од овошјето. еднаш остатокот од морковите го ставив во супа, еднаш направив колаче со пулпа од јаболко, портокал и лимон, а во овие мафини, наместо сецкани јагоди или некое друго сецкано овошје, ставив остатоци од јагодите од соковникот.

Continue Reading…