All posts in “sweet potatoes”

Sweet potato red lentil soup | Sitno seckano

Супа од сладок компир / Sweet potato soup

мислам дека до сега немало волку долга пауза помеѓу рецептите на блогов. па, редно е да ја прекинеме. еве една супа, совршена за времево. а до следниот рецепт, кој се надевам ќе биде вкусен колач, ѕирнете на мојот инстаграм или фејсбук за инспирација за готвење. таму сум почесто, а понекогаш ставам и кратки инстарецепти.

Continue Reading…

Sweet potato cake | Sitno seckano

Колач со сладок компир / Sweet potato cake

брзо и лесно колаче, нема ни масло ни млеко во него, а сепак е сочно и меко од слаткиот компир.

Continue Reading…

Clay pot roasted chicken and vegetables | Sitno seckano

Кокошка печена во глинен сад / Clay pot roasted chicken

Ако имате ваков неглазиран глинен сад за печење, не чекајте како мене со години, да го употребите. кокошката испечена во него е толку сочна и мека, а зеленчуците убаво испечени. ние го јадевме ова со песто од ливчиња од морков со павлака.

Continue Reading…

Purple Sweet Potato Brownies / Sitno Seckano

Браунис со виолетов сладок компир / Purple sweet potato brownies

сте пробале ли сладок компир? мене многу ми се допаѓаат оние портокаловите испечени на коцки или стапчиња. ама кога видов дека кај нас има и виолетови, морав да ги пробам и нив. имаат речиси ист вкус како портокаловите, па можат да се користат во исти рецепти, и солени и благи.

Continue Reading…

Печен зеленчук со сос од кикирики / Roasted vegetables with peanut sauce

не знам за што попрво да ви кажам од ова јадење. дали за сочното свинско испечено во глинен сад romertopf, за печениот сладок компир, праз и други зеленчуци или за сосот од кикирики, кој совршено оди со нив. треба повеќе време да се зготви сето тоа, ама освен сецкањето на зеленчукот, нема многу работа.

Continue Reading…

Сок од сладок компир и цвекло / Sweet potato beet juice

ако имате соковник, сигурно знаете колку е убаво да се пијат свежо исцедени сокови од овошје и зеленчук. ние поретко цедиме зеленчук, најчесто пиеме сокови од грејпфрут, јаболки, портокали, мандарини, ананас, лимон, крушки, праски, јагоди… од зеленчуците во скоро секоја тура ставаме моркови и цвекло, понекогаш парче свеж ѓумбир, ама во последно време почнавме да додаваме и сладок компир. сокот со сладок компир е многу вкусен и несомнено многу здрав. пробајте. измешајте го со други зеленчуци и овошја и кажете ни која е вашата омилена комбинација.

Continue Reading…

Јанија / Beef stew

јанија е едно од моите омилени јадења. долго се готви, ама нема многу работа. може и сите зеленчуци да ги ставите на почетокот одеднаш, ама јас не сакам да ги преварам морковите па ги додавам во манџата при крај. овој пат додадов и сладок компир, кој убаво се вклопи.

Печен помфрит од сладок компир / Baked sweet potato fries

слаткиот компир е малку необично растение за нашето поднебје, ама на многу места сум прочитала дека е многу здрав, па решив да купам неколку и да зготвам нешто со нив (иако слаткиот компир може да се јаде и жив).

Continue Reading…